Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Кочани-Мак.Каменица-Делчево-Пехчево-Берово-Струмица-Валандово-Миравци (12-13)-04-2008 Печати Е-пошта
Напишано од Александар   
Среда, 23 Април 2008 11:53

Договорот падна ден пред викендот, без многу размислување и нагодување, едноставно – ОДИМЕ! :) Јас(Александар), Ивица(леле колку беше нестрплив-1ва подолга релација што ја возеше, и сите негови интереси тоа попладне беа: ден-сабота, време:3:12-тргнување на возот од Скопје :). Ја чувме и Лепка, едноставно, по краток опис на патешествието(кое беше преубаво), не може да рече НЕ. Збирно место, 3:00 наутро, пред железничка. Излегуваш од дома пред 3:00, ја гледаш комшиката се враќа од Castro, таа те гледа така бледо, но комшилице без паника, соодносот на пудрата и римелот, е 2:1, па оттука произлегува нејзината бледа боја :). Се собравме, сите тројца, видно возбудени, во пресрет на дводневното уживање. Извадивме карти, се сместивме, и возот тргна.

 

 

Јас

Ивица

Лепка

Ивица го ангажиравме за чувар на точаците(заради неговиот продорен поглед :) , јас мониторинг, а Лепка на спиење во купе.

Чувар на точаци

По 3 часовно клацкање, стигнавме во Кочани. За добре дојде, моравме да се загрееме( секој на свој начин :)

Tргнавме кон браната на Кочани. 5км од градот, феноменално за: прошетка, возење, ловење риба, фрлање камчиња, предлог за брак, пливање грбно..:) кој за што дошол :).

Кон браната

браната

Лепка

Патека околу браната

Јас

Невообичаено

Кон водопадот

уште малку

водопадот

Свртемвме една обиколка тука, и тргнавме кон Мак. Каменица.

На излез од Кочани не пресретна ПЕРО-поранешен триатлонец, Кочанцанец. Жена му го пратила да купи нешто, но како не виде нас, реши да протегненозе(до Каменица :)-30 км)

Пред Калиманци, се поздравивме, и тој тргна назад, а ние секако продолживме по патот.

Стаса и Каменица, гратче со површина 2x2, куќи, згради, и дури 2 такси компании една до друга( гарант еден ист газда на двете :)

Влез на Каменица

Ивица, Лепка, Јас(ве молам гледајте ме од половина нагоре, во колкови сум поправен ко Сека Алексиќ)

Ивица, Лепка, Јас(ве молам оваа фотографија да ја гледате од половина нагоре-во колкови сум поправен, ко Сека Алексиќ :)

Продолживме кон Делчево, со поглед кон Калиманци од нашата десна страна.

кон Делчево

Влез пред Делчево

Влез пред Делчево

Кон Берово

. Е веќе према Пехчево, згусти:)угорница во должина од 17тина км. Лепка скува, и од тука гуравме...но не за долго :) по 10тина мин. наиде месијата”:) - USER-FRIENDLY трактор со приколка. Го застанавме мајсторот, точакот на приколка, Лепка во кабина, ние позади се до...Пехчево.

Лепка со алтернативен превоз

Ивица

Сите тројца изморени, и мн. гладни заседнавме во кафанче во Пехчево..... на врата се става етикита – ПОПИС:), сценарио: монтираат на фрижидерот тркалца, свечено со машна околу вратата, го буткаат до маса, и оттука ние продолжуваме(уффф, ама бевме гладни:)... се истуривме од јадење и пиење се вкупно = 900 ден.Џабе!

Попис

од тука следна, и последна релација кон Владимирово(село во Берово), и преспивање кај пријатели(луѓе-Финци :), стигнавме кај 19h. Не згрижија, со Де-лукс сместување: посебна куќа, купатило, вечера, кревети, се средено и убаво. Рано легнавме, следниот ден не чека поубавиот дел од патешествието. Се разбудивме, доручек, поздрав со домаќините, и продолживме. Од ранците благовремено се ослободивме( ги пративме по Автобус за дома), а доколку и 2риот ден ги возевме, сигурно некој од нас ќе еволуираше во безрбетник:). За добро утро, угорница, од 20тина км.

Кон Суви Лаки

Ивица, Лепка

 

стигнавме до превојот Преведена-1167нмв

Превојот

И од тука спустка низ Суви Лаки”-мала Швајцарија(викенд населба, со феноменален изглед на куќите)

и набрзо доаѓа долгоочекуваниот спуст- 13км до Струмица!!, тука мала пауза, и може да се види најефикасно искористување на времето, и за време на пауза :)

Ивица, качува карпи :)

користење на времето

Јас се борам за правата на НОБ :)

а, Лепка е во непознат правец :)

Почна и спустката

Стасавме во Струмица,

и застанавме на кафе, кај другачка на Ивица( Лепкеее, светиш, те фатило боја :)

Ивица, Другачката, Лепка

и потоа до претпоследната станица-Валандово. Стигнавме до превојот пред Валандовско брдо-Костурино и повторно....спуст!!:) и се така фино одеше, но со времето бевме во шкрипац. возот тргаше набрзо, а ние мн. далеку до станицата-завршна точка-Гевгелија. По консултации со мајсторот на бензиската пумпа, решивме да го бркамево Миравци(само уште 14км возење:), од тука запнавме, кој колку може, и за наша среќа возот каснеше.

Консултации

Пристигнавме во Миравци, и за неполни 3 мин, ете го – доаѓа!!:) од тука, заден вагон, точаците во него, и пат за дома.

Чуварот :)

За во иднина, како би ни останал кредит на мобилниот телефон :)

Возен ред

Патешествие во должина од 220км, кое пројде со големи импресии, и желба повторно да се случи! :)

Последно освежено на Сабота, 26 Април 2008 21:02