Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
биди дел од to4ak Печати Е-пошта

Во активностите на to4ak може да земе учество секој кој сака, без разлика на возраста, полот, религијата, бојата на велосипедот, големината на гумите, или видот на велосипедизмот со кој се занимава.

Секој може да:
- коментира на поставените написи;
- постави слики во врска со велосипедизмот;
- сподели информација за велосипедски настан;
- напише текст за последната негова/нејзина авантура;
- подготви рецензија за велосипедски дел, облека или алатка;
- да постави контакт во адресарот на to4ak;
- да дискутира на форумот;
- ги чита написите што некој друг ги напишал.

Ако...

Сакаш да напишеш коментар за веќе постоечки написи, тогаш се што треба да направиш е да се регистрираш на to4ak. Тоа е автоматизирано. По внесување на податоците to4ak ќе ти испрати е-mail со линк за потврдување на регистрацијата. Доколку имаш потешкотии при регистрирањето, слободно обрати се на to4ak контакт e-mailот.

Сакаш да дискутираш на форумот за веќе постоечки текстови, тогаш се што треба да направиш е да се регистрираш на to4ak, како и за коментирањето на написите.

Сакаш да пишуваш написи, потребно е да се регистрираш за пишување на коментари на to4ak и да ја искажеш таа твоја желба за пишување преку е-mail, секако на to4ak контакт е-mailот. Набрзо потоа ќе ти биде овозможено и за тоа ќе те контактира некој од to4ak тимот.

Имаш критика; имаш забелешка; идеја за нешто поинакво... слободно напиши на to4ak контакт e-mailот.

 

Имаш профил на Facebook? Стани дел од to4ak групата или to4ak страната.