Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Хуманитарна Велосипедска Тура 2014 за децата од СОС Детско село Македонија Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Вторник, 01 Април 2014 11:29

Љупчо и Даниел се двајца млади точкољупци, Љупчо од Македонија, а Даниел од Бугарија, кои пораснаа во СОС Детските села, едниот во Скопје, Македонија, а другиот во Дрен, Бугарија. Од неодамна тие дојдоа на идеа да направат тура низ Балканот со своите велосипеди посетувајќи ги сите СОС Детски села. Денеска, од пред неколку минути, тие се веќе на пат, тргнати од Дрен, Бугарија.

Турата на Љупчо и Даниел, како што кажав е веќе почната. Тие ќе бидат на пат цели 20 дена, ќе поминат вкупно 1787 км, и се разбира ќе посетат 8 СОС Детски села во Бугарија, Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Не се тоа сите Детски села, но и тоа доволно за една ваква авантура.

 

Точкољупството на Љупчо потекнува од една сосем случајна средба со семејството на Јован Јованоски – Балкански вицешампион во друмски велосипедизам во класата на јуниори, и Велосипедскиот клуб Екодром од Охрид. Оттогаш Љупчо е како член на семејството и редовен гостин. Во еден период Љупчо дури вози за Екодром.

Денеска тие патуваат од Дрен до Благоевград, Бугарија, за утре, 2 април, веќе да ја преминат границата и да пристигнат во Кочани. Во Скопје ќе пристигнат на 3 април и ќе направат еден ден пауза на 4 април, за да продолжат со патешествието во сабота на 5 април. Нивното заминување од Скопје нема да помине незабележано, па така од 10 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, ќе се одржи една испраќачка манифестација. Секој кој сака да ги испрати Љупчо и Даниел може да дојде. Можеш да дојдеш пеш и само да ги испратиш од кај Школка па да останеш да уживаш во паркот. Но она што јас се надевам е дека ќе дојдеш со велосипед и ќе ги попратиш Љупчо и Даниел до граничниот премин Блаце, од каде тие ќе продолжат до СОС детското село во Приштина, Косово. Па добро, и да немаш велосипед, ќе има велосипеди за изнајмување обезбедени од Град Скопје. А ако сепак останеш на помислата дека треба само да уживаш во Паркот, тогаш знај дека бендот Стринг Ридерс, во состав од деца без родители од СОС детското село ќе ти помогне во тоа. Луѓето од СОС Детско село имаат подготвено маици за тие што ќе ја пооддржат оваа тура. Се што треба е да донираш барем 500 денари и маицата е твоја.

Главното испраќање ќе се одвива по патот за Качаник и назад по истиот пат. Значи само асфалт, рамно и вкупна должина од околу 44 километри. За оние кои имаат желба за поголема авантура, има можност со дел од групата да се направи една мини авантура до село Кучково и манастирскиот комплекс Св Ѓорѓија над Кучково. Оваа авантура ќе направи испраќањето да се зголеми на тура од 60 км и би се вратиле по дома накај 17 часот. Би скршнале на враќање кај селото Орман за да се помине добар дел од патот по земја, да се умориме по угорнина, да се дружиме и да размислуваме како и ние ќе се впуштиме на една повеќедневна авантура како Љупчо и Даниел.

Последно освежено на Петок, 04 Април 2014 07:00