Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Предизвиците на урбаниот транспорт Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Вторник, 28 Јануари 2014 18:39

„Предизвиците на урбаниот транспорт“ беше тема на која разговараа неколку здруженија на граѓани минатиот петок. Работилницата беше во организација на Еко Свест, а на неа присуствуваа уште неколку организации како Го Грин, па и јас бев таму. Фокусот на дискусија беше урбаниот сообраќај во град Скопје, каде посебни, групни дискусии имаше за автобускиот сообраќај, такси превозот, пешаците, и се разбира велосипедскиот сообраќај.

Јулијана Даскалов

За почеток, на работилницата одржа презентација Јулијана Даскалов на тема „Системот за изнајмување на велосипеди во Скопје“ во која информираше за историјата на проектот и за моменталната состојба со системот на изнајмување. Презентација направив и јас, но со тема за „Велосипедскиот сообраќај во Гент, Белгија“, во обид да се презентира нешто освежително кое ќе предизвика идеи за дискусија.

Бојан Ранташа

Во групата која дискутираше за велосипедскиот сообраќај во Скопје, се нафрлаа многу идеи: за казни, за дерегулација, за паркинзи, за финансирање, за системски пристап на проблемот, за не ми текнува што уште... меѓутоа она што излезе како најважно е дека потребно е здружен пристап кон проблемот на велосипедскиот сообраќај во Скопје. Како можност за здружување беше идентификувана електронската платформа ЕкоСфера. На овој начин сите оние кои што сакаат да бидат дел од дискусијата ќе може да придонесат. Затоа, ако си дел од некоја организација, зачлени се на ЕкоСфера и почни да дискутираш за иднината на велосипедскиот сообраќај во Скопје. Се разбира беа договорени и термини, дека до 10 февруари ќе се дискутира, ќе се даваат идеи и дека потоа ќе се подготви некаков заклучок. А се спомна и можноста за повторна ваква средба.

Епа приклучи се, активирај се. А ако не си дел од некаква организација излези на следната Критична маса.

* Благодарност до Куан за фотографирање.

Последно освежено на Четврток, 30 Јануари 2014 09:14