Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Гент, Белгија PDF Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Сабота, 25 Јануари 2014 01:30

Во градот Гент, Белгија навраќам во изминативе неколку години многу често. Пријатели ме влечат да го посетам. Сметам дека едно од моите најпријатни искуства е тоа што поминав една година живеејќи во Гент. Особено пријатно во поглед на леснотијата на употреба на велосипедот. Сакам да се обидам да го пренесам тоа искуство во текст и слики.

 

Гент

Да појаснам накратко: Гент е главен град на Фландрија, регион во Белгија. Градот е стар, јас, на пример, живеев во куќа од 19ти век. А и повеќето куќи беа од тоа време, па и постари. Гент има околу 250.000 жители. Рамен е, но има едно ридче во центарот на градот. Историски, тој бил значаен град, центар на текстилна индустрија итн. Едноствно, стара архитектура, тесни улици и се е старо, како од некоја бајка.

 

Гент

Интересно е да се спомне дека Гент е, јас би рекол пред се, студентски град. Секоја година во Гент има по околу 96000 студенти. Значајно во оваа приказна е тоа што градската администрација, решила да ги држи... Не! Да им овозможи на сите, па и студентите да бидат на велосипеди. Така Гент е преплавен од велосипеди. Некаде 15% од сообраќаот е остварен на велосипед во Гент. Во Белгија, Гент го сметаат за велосипедски рај. Што значи тоа...

 

Gent

Мојата прва средба со Гент, пред многу години, беше погледот на паркингот за велосипеди пред железничката станица. Преполно, буквално да не можеш да си го најдеш велосипедот. Тоа е така затоа што секое лето студентите ги паркираат велосипедите пред железничката и заминуваат дома. Ова е само еден од многуте вакви паркинзи околу железничката, а има и низ цел град. Значајно е да се нагласи дека баш за во овој период, градот поставува дополнителни држачи/паркиралишта за велосипеди, како би имале студентите каде да си ги остават точаците.

 

вело паркинг

Комапративно, замислете каков би бил градот, кој има тесни улички направени од пред неколку века, кога сите овие студенти би оделе со автомобили наоколу...

 

вело паркинг

Главна работа што ја истакнува намерата на градот да ги држи студентите на велосипед е систем за изнајмување на велосипеди, само за студенти. Од 2001 година, градот, зедно со универзитетите (не е само еден универзитет во Гент) нуди субсидиран систем за изнајмување, каде ако си студент, за околу 50 евра годишно можеш да имаш велосипед за низ град кој е комплетно опремен со се што ти треба. Студентот треба само да се грижи за велосипедот. Штета ако направи, секако си ја плаќа. Во 2011 година 5500 велосипеди се активни во овој систем, а во 2012 набавени се уште 1000 велосипеди. Градот е преплавен со жолти велосипеди, а од неодамна и сиви. Инаку тие велосипеди, според моја слободна проценка, на пазарот во малопродажба би чинеле околу 500 евра. Всушност имаше некои што би биле по 400 евра, а некои па и по 700 евра.

 

Гент

Да имаш велосипед треба и да го одржуваш. Па затоа градот, има отворено 4 пункта за сервис на велосипеди за студенти. Таму секој студент може да појде и да си го поправи велосипедот бесплатно, под контрола на професионален механичар. А ако му треба, има делови кои се по субсидирана цена. На пример надворешна гума која на пазарот чини 20 евра, таму јас ја земав за 6 евра. И тој сервис не е само за изнајмените велосипеди, за секој велосипед, се додека си студент.

Не е се само за студенти. Низ градот има неколку стратешки поставени бесплатни автомати за пумпање гуми за точак. И не само градски, скоро секоја поголема фирма или установа има автомат за пумпање во рамките на своите паркиралишта. Ако немаат автомат, тогаш сигурно има обична, рачна пумпа кај портирот.

За да се поддржи непречено движење на сите овие бројни велосипеди, Гент има скоро совршена мрежа на велосипедски патеки во градот. Секоја поголема улица има обележана велосипедска патека. На улиците по кои автомобилите се движат побрзо, има физички одвоени велосипедски патеки.

 

вело патека

Дури и на кружните текови има обележана велосипедска патека.

 

вело патека

А додека пак по маалските улички нема обележани патеки бидејќи таму нема многу сообраќај и возилата споро се движат. Во тој случај се знае дека велосипедот е рамноправен (исто како што е пишано и во законот во Македонија).

Гент има и трамваи. Иако постои опасност тркалото да се заглави во шините за трамвајот, тоа не е проблем за да се помине со точак по истата улица. Сепак, трамваите имаат предност. Затоа се внимава да има простор велосипедите и трамваите да можат да се движат заедно во исто време. Но и покрај тоа, се случува да трамваите го успорат своето движење само за да не ги прегазат велосипедистите.

 

Гент

Кога ќе размилам, со велосипед во Гент нема улица која е забранета за движење. Да нагласам, улица. Бидејќи тротоарите се само за пешаците (исто како што е и пишано во законот во Македонија).

Велосипедските патеки се црвени. Лесно воочливи. Реков велосипедот е рамноправен, па автомобилите треба да ги почекаат велосипедистите пред да свртат во десно. Иако тоа е најчесто, понекогаш има и зли возачи кои ќе го пресечат патот на велосипедистот. Она што ги прави патеките по Гент лесни за користење е нивната слеаност. Скоро да нема место каде човек да треба да се симне од велосипед за да стигне каде што сака. Дали е тоа заради преминување на улица или мост, тоа е решено со слеан рабник и посебна патека за велосипеди.

 

Гент

Меѓутоа она без што патеките не би биле комплетни е сигнализацијата. Секоја патека е комплетно покриена со сигнализација, како хоризонтална, така и вертикална. Така на пример на раскрсниците, патеките се двојат за право и десно и за во лево. Тоа е обележано на самата патека. Ако патеката некаде престанува и велосипедистот мора да се приклучи на самата улица без патека, тоа исто така е обележано.

 

Гент

Бидејќи велосипедите се тесни, а и затоа што идејата е да бидат нај практичен начин за превезување, на едносмерните улици секогаш е поставен знак дека тоа не важи за велосипеди. Тоа се мали детали, кои навистина влијаат во удобноста на возење велосипед низ Гент.

 

Гент

Убавото е што, сите патеки и сите тие знаци, воопшто не мора ни да се гледаат, бидејќи следењето на тие правила доаѓа природно, дури и да не ги знаеш. Пример, семафорите, велосипедистите ги преминуваат секогаш вртејќи кружно од десна сстрана. Исто како да се на кружен тек. Исклучок се оние семафори кои имаат и назнака дека велосипедистите може да се постројат за во лево, пред колите.

Вертикалната сигнализација не е само за правилата. Градот има определено неколку патеки по кои смета дека најлесно се стига до некои места, па така има знаци само за велосипеди. И не само за внатре во градот, за до приградски населби, па и за до други градови. Да не објаснувам за мрежата на велосипедски патеки по цела Фландрија.

Баш поради тоа што Гент е стар град, постојано се вршат некакви поправки или градби во градот. При тоа сообраќајниците се узурпираат. Она што е многу значајно е сигнализацијата и решенијата во такви случаеви. Секојпат има назначена обиколна патека за велосипеди, посебна од таа за пешаци.

Покрај условите за возење на велосипед, градот создава и култура кон употребата на велосипед. На пример, секоја пролет и есен, градот организира пазар на стари точаци, на кој граѓаните излегуваат и ги продаваат своите стари точаци, па и разни дребулии поврзани со точаците. Идејата е и да се разменат старите детски точаци, кои веќе се надраснале. Инаку, едноставен точак за низ град, на старо може да се најде за 50 до 100 евра.

 

Gent

За подобрување на условите за велосипедистите, градот има поставено и мерачи на фреквентноста на велосипедскиот сообраќај (нешто шти допрва се поставува за автомобилите во Скопје).

Важно да се напомене е дека мрежата на велосипедски патеки не служи исклучиво за велосипеди. Таа служи и за лица со мопеди, мали мотори, хендикепирани лица во колички и секакви други лица кои се движат со помош на тркала и се движат доволно споро.

 

Gent

Но не мислете дека се е совршено во Гент за велосипедите и дека сите луѓе користат велосипеди. Затоа градот постојано нешто прави. И не само градот. Во Гент има Здружение на велосипедисти на градот Гент; Велосипедска кујна; и се разбира, Критична маса.

Велосипедската кујна е отворен, бесплатен сервис. Работи секој четврток попладне, кога секој може да се приклучи, да си го порави точакот со алатите кои ги има на располагање, а организаторите за тоа време подготвуваат вечера на која секој може да се приклучи. Секој кој може, донира за опстојувањето на сервисот. Инаку тој е вдомен во една месна заедница во маалото каде најмногу може да се сретнат Македонци по улиците и супермаркетите. Секако и Бугари и Турци и секакви други дојденци.

 

Велосипедска кујна во Гент

Критичната маса се одржува еднаш на три месеци и на неа учествуваат илјадници. Интересно е дека и градот и полицијата комплетно ја поддржуваат критичната маса. Па на критичната маса има доста полицајци на велосипеди и мотори за да спречат било какви потенцијални несогласувања со возачите на моторни возила. Инаку самиот настан е организиран од група на граѓани кои се неформално здружени. Онака како и насекаде по светот е (па и кај нас во Скопје).

 

Критична маса Гент

Во град полн со велосипеди, кражбите на велосипеди цветаат. Но тоа се случува само на лошо заклучени велосипеди. И на скапи велосипеди кои се оставени долго време надвор. Градот за да се бори против кражбите на велосипеди, заедно со полицијата, има воведено доброволен сервис за регистрирање на велосипедите. Се врши така што на рамката на велосипедот се гравира сериски број кој е поврзан со базата на податоци во полицијата. Па ако ти го украдат, и полицијата заплени укрдени точаци, твојот точак ќе ти биде вратен. А доколку ти го украдат, можеш тоа да го пријавиш и преку интернет.
Но толку велосипеди се и проблем за градот. Особено што има голем број на студенти кои ги оставаат своите велосипеди заклучени, а заминуваат од градот засекогаш. Па така градските редари поставува белешки на велосипедите дека се назначени за отстранување од паркинзите. Доколку таа белешка не е остранета од сопственикот во рок од една недела, велосипедот ќе биде однесен од градот за да не смета.

 

Велосипеди во Гент

Паркинзи за велосипеди има насекаде. И постојано се создаваат нови. Неодамна беше отворен и нов покриен паркинг за велосипеди. А грдот дури започна да пооставува покриени и сигурни маалски паркинзи за велосипеди по градот.

 

покриен велосипедски паркинг

Градот, од мај 2005 година води кампања за употреба на велосипедот насловена како ’Гент, здивен од велосипеди’ (Gent, Wild van Fietsen). Кампањата била насочена кон сите граѓани, студенти, па и кон учениците, за децата да го користат велосипедот за одење до школо. Во неа се влезени повеќето активности спомати тука. Таа кампања денес премината е во градска политика.

 

Гент, дивее од велосипеди

Последно освежено на Сабота, 25 Јануари 2014 13:24