Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
365 среќни на точак Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Вторник, 24 Декември 2013 18:08

Критична Маса 20

За оваа нова 2014 година сакам критичната маса во Скопје да стане толку голема, што Скопје ќе биде мал за сите тие луѓе на точаци. Ако имаш ти некаква точкољупска желба, испрати ја... а можеш да ја исполниш мојата ако дојдеш утре на предновогодишната Критична маса во Скопје.

Да и оваа Критична маса ќе започне на истиот ден како и минатата, само датумот ќе биде 25 декември 2013. Почетокот ќе биде во 5 и половина попладне, на градскиот плоштад, во Скопје се подразбира, а крајот кај статуата на бикот на улица Македонија. Да, ептем блиску од почетокот, толку блиско, што нема да приметиш дека сме се мрднале. Ама благодарение на магичната направа што се вика точак, ќе успееме да се изнавртиме низ центарот на Град Скопје и искрено се надевам дека при тоа нема да се изгубиме во маглата. Затоа запамти си ја рутата, земи си го навигациониот уред и дури и да не гледаш велосипедист до тебе, знај дека има, само се крие во маглата. Гас маска е добредојдена.

Kritična Masa 20

 

На Точак, иако ни од далеку не изгледа на Дедо Мраз, прибира новогодишни желби. Можеш твојата да ја пишеш ако сакаш на: Facebook, Тwitter со #NaTochak, ил па #НаТочак, или пак олд скул по е-пошта на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . А ако сакаш, можеш да погледнеш и што досега си посакале некои твои сограѓани.

Е, а после Критична маса знај дека не си одиш дома. Остануваш да се дружиш и не само затоа што има некакво изненадување за тебе.

Последно освежено на Вторник, 24 Декември 2013 18:28