Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Критична маса, вртиме заедно и слободно по 19-ти пат Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Понеделник, 25 Ноември 2013 14:03

 

Што е потребно да знаеш: ќе биде на денот Критична маса, овој месец тоа се паѓа на 27 ноември, почетокот е од пет и пол часот попладне, а местото на тргнување е паркингот до зградата на Бетон - сегашно Министерство за економија.

Критична маса 19

Критична маса овој пат нагласува дека возењето велосипед е многу евтино, толку евтино, да ако веќе имаш велосипед тоа ич пари не те чини.
Еве како се споредува тоа*:
Живееш во Аеродром и студираш во центар. Со автобус: 10 возења = 250 ден, 22 дена X 2 X 25 = 1100 ден. месечно, при неменување на автобуси**.
Живееш во Кисела Вода и работиш во Сити Мол. Со такси: 27 дена X 2 X 180 ден.= 9720 ден. со попуст.
Живееш во Влае и работиш во Дебар Маало. Со автомобил: 22 X 70 ден. = 1540 ден. + 800 ден. месечна карта за паркинг = 2340 ден. минимум.

или визуелно тоа прегледано:

Непотребно е да се каже дека твоето учество на Критична маса е бесплатно и тебе ќе те чини ич пари, а ќе заработиш дружба, пријатели, насмевка и чекор поблиску кон точкољупско Скопје.

Повеќе инфо наТочак.

*пресметката се базира на претпоставка дека не се прави инвестиција ниту за автомобилот ниту за велосипедот, односно се гледаат само директните дневни трошоци поврзани со превозот од една до друга точка без да се земат во превид индиректните трошоци или трошоците за одржување.
**се зема во предвид критериумот дека јавен превоз постои само кога од моментот на напуштање на домот до моментот на влегување во јавниот превоз, односно времето поминато на чекање и/или доаѓање до јавниот превоз е помало од 10 минути.