Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Критична маса Гостивар: Уште возиме точак Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Петок, 22 Ноември 2013 18:07

Во недела, 24 ноември 2013 година, во Гостивар со почеток од 12 часот, ќе се одржи третата по ред критична маса.

Критична маса Гостивар

 

Гостиварчани ќе се соберат под паролата „Уште возиме точак“ пред зградата на Општина Гостивар. Неформалната група велосипедисти од Гостивар НаТочак Гостивар се надева дека со овој чин ќе ги поттикне и другите велодипедисти да продолжат да возат велосипед и покрај ладното време.

 

Критична маса започна да се собира од септември годинава и како и во Скопје, се собира секој месец. Целта им е да го подобрат третманот на велосипедистите во Гостивар.

Повеќе информации за настанот има на Лицекнига.