Пребарувај

ЕПП


Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Како до град за велосипеди и велосипедисти? Печати Е-пошта
Напишано од rante   
Среда, 06 Ноември 2013 18:18

Епа утре, четврток, нема веќе да врне дожд; сонцето ќе огрее; ти ќе си го јавнеш точакот, ќе се прошеташ со голема насмевка на лицето и градот... па грдот ќе биде поубаво место да. Арно ама, кога ќе си зајде сонцето, ти повторно ќе си го јавнеш точакот и ќе отидеш да слушнеш како Љубљана станала град пријатен за велосипеди и велосипедисти.

Андреј Клеменц, велосипедист и човек активен во однос на одржливиот транспорт на Љубљана, е тука и во четврток од 7 часот попладне во салата на Собранието на Град Скопје, ќе одрши едно предавање на кое ќе ја раскаже приказната за Љубљана. Предавањето ќе трае 45 минути и ти ќе поставиш неколку прашања, а Андреј ќе ти ги одговори, па кој знае, може и ќе се разврзе некоја добра дискусија.

 

Значи времето ќе биде убаво, затоа без забушавање, обавезно НаТочак!

За оние кои не знаат каде е салата на Собранието на Град Скопје, чекање во 6 часот и 20 минути на градскиот плоштад, од каде со велосипеди ќе се упатиме. Да, да, кај Гоце и Даме, како и тие и ние на коњи, ама ние со железни коњи.

 

Последно освежено на Среда, 20 Ноември 2013 17:48