Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Најчесто поставувани прашања:

Време
1. Кога е велосипедската тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    Настанот е во недела, 14 септември 2014 година.
2. Кога официјално започнува турата?
    Турата ќе започне во 9 часот наутро.
3. Кога турата ќе заврши?
     Турата треба да заврши околу 6 часот попладне. Индивидуалци може да завршат порано или подоцна во период од еден час.

Место
4. Каде се одржува велосипедскта тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    Културното наследство низ Прилепското Поле се одржува по Прилепското Поле, кое е дел од Пелагонија во Република Македонија.
5. Каде е почетокот на турата?
     Почетокот на турата е во стариот дел на градот Прилеп, наречен Варош, на крстопатот од улиците Борка Лопач и Благој Јовчески, лоцирани на Северо-Западниот крај од градот. Регистрацијата на учесниците ќе биде извршена таму, пред црквата Св. Никола, каде ќе биде направена и првата посета. На следниов линк можете да видите каде е тоа.
6. Каде може да си ја паркирам колата?
    Колата можете да ја паркирате на неколку локации не далеку од местото на почетокот. Можете и да ја паркирате во центарот на Прилеп и после да дојдете со велосипед до местото на чекање. Предложените локации за паркинг ќе бидат приложени во пакетот за пријавување.
7. Како да дојдам до Прилеп?
     Прилеп е лоциран централно во Македонија. Постојат повеќе начини да се дојде до Прилеп: од Исток преку Велес и Росоман или преку Кавадарци; од Запад преку Битола; и од Север преку Кичево или Македонски Брод. Или едноставно внесете ја вашата локација тука. 

Програма
8. Во што се состои програмата?
    Програмата се состои од неколку посети на локалитети на културното наследство каде стручни лица ќе го објаснат значењето на овие објекти. Ќе има освежувања и дегустации за да се подобри искуството и да се претвори велосипедското возење во уживање.
9. Што ќе посетиме?
    Ќе ги посетиме следниве културни и природни локалитети: црквата Св Никола во Варош, Прилеп – најстарата црква во Варош; Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово; Спомен куќата на Пеце Атанасовски во Долнени; Манастирот Св Никола кај Слепче; црквата Св Богородица во Костинци; Манастирот Св Преображение кај Зрзе; најстариот даб во Општина Кривогаштани. Знајте дека само долгата тура ќе стигне до Зрзе.
10. Дали морам да ги слушам раскажувањата на кустосите?
    Не. Тие се таму за да ви овозможат поголемо искуство и за ваша корист. Сепак, на вас е да одлучите.
11. Посетуваме многу цркви, дали е ова религиозна тура?
     Македонското сликарство и воопшто уметноста од минатото била ограничена на религиозните храмови како: фрески, икони, резби во дрво итн. Така со влегување во религиозен храм од 14ти век е како да влегувате во уметничка галерија која е стара 700 години. Но ако вие сте религиозен, тогаш ова може да биде и религиозна тура за вас.

Рутата
12. Кои се техничките спецификации на турите?
     Кратката тура е планирана за скоро било кој велосипед, дури и градски велосипед: должина – 38 км, вкупно вертикално искачување 260 вертикални метри, подлогата е асфалт.
     Долгата тура е планирана за трекинг или планински велосипед кој може да помине по земјени патишта: должина – 88 км, вкупно вертикално искачувење – 1012 вертикални метри, 1/3 земјени патишта и 2/3 асфалт.
13. По какви патишта ќе возиме?
    Најголем дел од турата е по асфалт. Сепак, за тие ентузијасти кои сакаат да почувствуваат малку прашина, постои можност за преку 20 км земјени патишта кои се наоѓаат на долгата тура.
14. Кратката рута започнува 12 км покасно од долгата, како ќе стигнат учесниците дотаму?
    Обезбеден е превоз за учесниците на кратката тура од собирната точка до почетната точка.
15. Дали учесниците кои ја возат кратката тура мораат да возат велосипед до село Кривогаштани каде ќе биде ручекот?
    Не. Ќе има организиран превоз од крајот на кратката тура до село Кривогаштани и потоа до Прилеп. Сé е дел од организацијата.
16. Рутата не е кружна, како ќе се вратат учесниците назад?
    Ќе има обезбеден превоз од Кривогаштани до Прилеп.
17. Јас ја возам кратката тура и немам велосипед за по земја. Како може да стигнам до Манастирот над село Слепче?
    До Манастирот нд Слепче води земјен пат во должина од 1,5 км. Ако сакате можете да го оставите велосипедот кај чешмата и да испешачите до таму.
18. Има ли тоалети долж рутата?
    Да, постојат тоалети на секој локалитет каде ќе застанеме.
19. Има ли места со вода за пиење?
    Да, во некои села долж рутата има чешми со вода. Ќе има и освежувања од нашите поддржувачи.
20. Дали има нешто за грицкање долж рутата?
    Да. Ќе има за окрепнување во село Слепче и дегустации во село Костинци и село Небрегово. Сепак, има и локални продавнички во секое село кои може да понудат дополнително поткаснување.
21. Дали е вклучен ручек?
    Да. Ќе има главно јадење обезбедено на крајот од турата во село Кривогаштани, каде ќе има и дегустација на вино.
22. Јас имам посебна диета, што е главното јадење?
     Главното јадење е макарони. Ќе има и дополнителни прилози, како салата.

Опрема
23. Каков вид на велосипед ми треба?
    Ако сакате да одите на кратката тура, било кој велосипед ќе биде добар, се додека е во добра состојба и функционира како што треба. Ако сакате да одите на долгата тура, тогаш знајте дека една третина е земјен пат кој треба да се помине, така да планински велосипед или трекинг велосипед ќе биде добар.
24. Може да дојдам со друмски велосипед?
     Да. Ако сакате да возите друмски велосипед, можете да ја земете кратката тура, и да ја довршите со долгата, таму кај што има асфалт. Тоа ќе ви овозможи околу 60 км возење по асфалт низ полето.
25. Што треба да понесам?
     Ве советуваме да донесете: вашиот велосипед; лични работи; алатки и резервна гума; шише за вода; ранец; удобни чевли; панталони за возење велосипед; маица; заштитна кацига; нараквици; млеко за сончање; наочари за сонце; јакна за дожд; пари ако сакате нешто повеќе од продавниците долж патот; фото камера; видео камера; итн.

Транспорт
26. Има ли организиран транспорт до Прилеп?
     Да. Има автобус за луѓето и за велосипедите кои доаѓаат од Скопје. Котизацијата за учество со превозот е 1100 денари, или 400 денари само за превозот по човек.
27. Дали е сигурен мојот велосипед при транспортот?
    Помеѓу велосипедите ќе бидат поставени картони кои ќе го чуваат од гребење.
28. Дали може велосипед со корпа да се понесе во организираниот транспорт?
    Да.
29. Кое време автобусот ќе замине од Скопје?
    Автобусот ќе замине во 6 часот наутро. Но вие треба да дојдете порано.
30. Кое време ќе биде автобусот назад во Скопје?
    Автобусот ќе биде назад во Скопје околу 9 часот попладне, во зависност од брзината на учесниците.
31. Јас не сум од Скопје. Дали има организиран автобус од моето место?
     Ве молиме контактирајте го организаторот за ова прашање. Ако постои доволно голема група, организаторите сигурно ќе помогнат.

Друго
32. Јас не сакам да возам велосипед, дали може да дојдам?
    Ова е велосипедска тура. Но ако имате идеја како да се движите наместо со велосипед, слободно контактирајте ги организаторите за да се консултирате.
33. Дали има можност да се изнајми велосипед?
    Да, има. Можете да изнајмите велосипед од www.bicycle.mkсо испраќање на порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да прашате; или од Велодром Травел со испраќање порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да прашате.
34. Јас сум малолетен, може ли да дојдам?
     Само ако ги донесете вашите родители или старатели со вас, или ако добиете нивна пишана согласност за да дојдете сами.

Пријавување
35. Како може да се пријавам за да учествувам?
    Може да се пријавите со испраќање на пријавата за учество до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и плаќање на котизацијата. Пријавата може да ја земете од www.mk.to4ak.com
36. Дали има котизација за учеството на велосипедската тура низ Прилепското Поле?
    Има котизација од 700 денари.
37. Што добивам за парите?
    За 700 денари добивате: организација (вреди 400 денари по учесник), редари кои ќе ви помагаат долж рутата (100 ден), храна и пијалоци (450 ден), влезници (50 ден), маичка (200 ден), мапа (50 ден), кустоси кои ќе го објаснат културното значење (80 ден), техничка поддршка (50 ден), возило за поддршка кое е таму во случај да ви се расипе велосипедот (100 ден), прва помош во случај да се повредите (50 ден), и уште повеќе.
38. Како може да ја платам котизацијата за учество во велосипедската тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    Можете да ја платите на жиро сметка. Ако ова не е добро за вас, ве молиме да ги контактирате организаторите.

Сабота
39. Може ли да дојдам во сабота?
    Да. Напомена е дека нема организирани активности за саботата, освен добро време поминато заедно.
40. Ако дојдам ден порано, што можам да правам во Прилеп?
    Има неколку работи кои можете да ги правите во Прилеп и околината. Прво, можете да возите велосипед до некое место каде турата не ве носи. Можете да пропешачите до Марковите Кули; до Манастирот Трескавец; или да ја видите Чупата – камена уметност на природата. Можете да се качувате по карпи ако сакате. Но Прилеп е исто познат по добра храна, така да можете да пробате некој од прилепските специјалитети, или да го посетите одличниот тајландски ресторан Во секој случај можете да ги контактирате организаторите за совет.

Сместување
41. Има ли хотели во Прилеп?
    Има неколку хотели во Прилеп. Цените се од 600 до 6000 денари од ноќ. Ве молиме да проверете директно за резервации: www.breza.com.mk, www.hotelsalida.com.mk, www.hoteldion.com.mk, www.hotelsoncega.com.mk, www.kp.mk

За турата
42. Што е велосипедска тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    Тоа е лесна, Спора велосипедска тура која ќе помине покрај неколку локалитети на културно наследство низ Прилепското Поле.
43. Зошто велосипедска тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    За да се промовира богатството на Прилепското Поле со културни и природни локалитети пред домашната и странската јавност и да се образува за културното и природното наследство.
44. Кој е организатор на велосипедската тура Културното наследство низ Прилепското Поле?
    Организатор на настанот е Одржливи иницијативи од Скопје, заедно со Велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп.

Контакт
45. Како може да ги контактирам организаторите?
     Преку е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или може да се јавите на Бојан Ранташа на +389 70 876353 или на Драган Димитријоски на +389 75 526426.