Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 На 18 мај 2014 година, Скопска Црна Горе ќе биде преплавена од шетачи, точакари, алпинисти, велосипедисти, планинари, летачи и екстремни ливадари. Зошто? Затоа што се организира спортско планинарски, рекреативно планинарски, алпинистички, планинско велосипедски и параглајдерски крос кантри рели на Скопска Црна Гора.

 Ако се решиш да учествуваш знај дека организаторот собира котизација во висина од 150 денари. А со тоа ти ќе добиеш превоз натаму и наваму од Скопје, превоз на велосипедот, чај и грав за ручек. А ако си помал од 14 години, или бар младо лик, не мора да ги платиш овие 150 денари.

 За да не се гребеш од другарите, организаторите препорачуваат да си понесеш прибор за јадење за да го јадеш гравот за ручек. А организаторот вика и дека треба задолжително да си понесеш 1,5 л вода, јакна за дожд, блуза, удобни планинарски кондури, капа, ужинка и слично.

 Агендата на настанот вика дека ќе се трга од Скопје од кај Нова железничка станица и тоа од кај паркингот пред Пошта 2.

6:45 пријавување за спортскиот планинарски поход
7:30 пријавување за рекреативниот планинарски поход
7:30 поаѓање на автобуси до с. Љубанци за спортските планинари
8:00 пријавувањње за велосипедиската тура
8:00 поаѓање на автобуси до с. Побожје за рекреативните планинари
8:30 поаѓање на автобуси и транспорт на велосипеди до с. Побожје
17:30 враќање во Скопје

 Важно! Треба да се регистрираш со тоа што ќе си го напишеш името и презимето и на кој пожод ќе одиш во едно е-писмо доставено до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и тоа најкасно до 15 мај. Значи брзо одма прати една порака дека одиш. Порцијата грав за тебе зависи дали ќе се пријавиш на време. Ако сте друштво, може тоа и еден да го направи за сите, само список да пише.

 На настанот, како што се гледа од агендата, ќе има активности за различни планински интереси. Ако случајно те интересира нешто на нозе или на 4 тркала, погледни на Фејсбук. А бидејќи ти сакаш да возиш точак, еве што се спрема.

Скопска Црна Гора

 Планинско велосипедска тура

 Рута: с. Побожје – с.Бродец - Рамно - Колибата на чичко Спиро - с. Бродец - с. Побожје
 Водич на турата: Александра Герчакова
 За велосипедистите има спремено две можности, каде и двете одат нагоре:

Група А
 Наменета за велосипедисти со послаба кондиција. За нив рутата е пократка, односно од с. Побожје до с. Бродец и назад. Каде учесниците ќе може да уживаат во погледот од кај школото во с. Бродец.
 Време на искачувањње е 45 минути, а должината е 6 км.

Скопска Црна Гора

Група Б
 Наменета за велосипедисти со поголема кондиција. За нив рутата е комплетна, односно: тргањето е од с. Побожје - с. Бродец - Рамно - патот над колибата - се спуштаат пешки до колибата - Колибата на чичко Спиро, па назад надоле до с. Бродец и с.Побожје.
 Време на искачување е 3 часа, но испланирано е време од 6 часа за турата. Должината е 14 км во еден правец каде е постојана угорнина до Рамно, односно Колибата на чичо Спиро. Само последните 2 км се земја. Така да и оние со друмски велосипед може да учествуваат па на крај да се избуткаат до чајот. Разлика во денивелација е 950 мнв, рутата почнува од 600 мнв, а највисока точка е на 1550 мнв.

Побожје - Рамно

 Во Колибата на чичо Спиро ќе има чај, а гравот ќе се послужи во Бродец, на враќање.

 Сите учесници треба да се физички подготвени. Лица над 50 години да се консултираат со лекар за степенот на личната психо-физичка и кондициона издржливост. Од опрема задолжително носење кацига, исправен велосипед, резервна гума и прибор за менување гума.

 За учесниците на велосипедскиот поход при спуштањето брзината ќе биде бавна и прилагодена според учесниците со цел групата безбедно да се врати до крајната дестинација (с.Побожје).

 Доколку некој од учесниците не е подготвен според препораките нема да биде учесник во турата. во спротивно самостојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество.

Скопска Црна Гора

 Контакт лица:
 Александра Герчакова: 070 623992
 Д-р. Александар Манолев 070306403

 Настанот е во организација на ПСК „Скопска Црна Гора“, во соработка со: Алпинистички клуб “Матка“ - Скопје, Мото Клуб “Александар“ - Cross Country Rally - Скопје, Параглајдинг клуб - “Вертиго“ - Скопје, а е поддржан од: Град Скопје, Општина Бутел, Црвен Крст на Град Скопје, Македонско здружение за спасување и заштита во планина и непристапен терен “Асклепиј“, Маунтин Експириенсе - Скопје, Поликлиника Манолеви - Скопје, АстраЦем-Скопје, Ресторан Скара Бар - Скопје и Фото студио Амбрела.