Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Факултет за кафански туризам

и воден велосипедизам

 

Aпсолвенти - Сезона 2011

Управа 1 Управа 2

Виц Мастер                 Голман од Скопско        Перо Exchange Student

Смајли Singy 3rd Shift Student

Ќе испаднам самобендисам ако пишувам сам за себе , затоа следат 7 празни линии, пишете по нешто (линиите се анонимни, но ај да видам дал ме служи осет) :

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Специјалист за Диви свињи и осет за вкусно ребро! Сликата зборува: едно ребро на пат кон желудник

Koга сме кај желудникот, момаков на сликава е со најдобар дизајн J

Пет комори за различни течности(1.Пиво, 2.Ракија, 3.Бунар, 4.Вино, 5.Вода). Спремен за паралелно полнење, anytime

Вицови за сите животни, од A-Ш

Обожава утрински дипломатски доручеци (гевречиња ), а понекогаш мавта со рака по возови

Според најнов Update - Одличен познавач на кебапи во околината на Велес! Баш вакви специјалисти ги красат турите!

Се смее на сите страни и меридијани , љуби лулашки, рингишпили и трамболини. Она ги измисли Emoticons за: Skype, MSN

Омилена emoticons:

Не е толку опасна како што изгледа, али кога ќе запее едноставно посакувате да не запре

Сеуште е примерен, го интересираат точаци и километри  во целост, но ќе го...расипеме

Спаѓа во групата на студенти, кои ги има кога најмногу требаат – на журка!

Верувам ја добивте генералната претстава на минатонеделниотсостав, а ако не сте ја добиле, ќе ве земеме со нас без многу размислување :), бидејќи се водиме од една парола(т.е. пола парола-делот со црвено :))

Ден 1: Скопје-Воз(*Дипломатски Доручек*)-Гевгелија-Дојран

Денот по утро се познава, а ние тргнавме да го запознаеме пред тој да не упознае :) : Саде трски, рибари, мамци и тракатанци. Празен перон и наредени 7 точаци  за возот кој сеуште не е спремен(нема слика, оти сите гледаме со едно око, зеваме со километри, а термос кафето на Смајли кружи меѓу нас како европски ringroad, и нема да испаднеме убаи – време 5:40 утрински :))

Долета и возот, а кон него почнаа да летаат точаците, ранците и екипажот. На прва прозивка, од следната слика: “неко меџу нама ни је ту” ?!? :)

.

.

.

.

Јас сум на следната :)

.

.

.

.

.

7 точаци, 7 ранци, 5 члена ????

Милионер наградува :)

Генералниот одговор е: СИТЕ :),

АЛМА! – Да не те прозивам вака по официјални стории :), ниту да те барам на разглас во МcDonalds, или на каса пред Веро J, да си се пријавила за следна тура, ако си тука! :)

Toчен одговор: А, D.

Нашите дипломатски членови, појдоа по утрински доручек (Геврече :)) додека ние се екипиравме во возот, а дојдоа тмн на време да му замафтаат кон Гевгелија :) Го пропуштија, утешени од локален железничар со одговор: “Ќе го фатите следниот” :)

Утринско клацкање, пратено со врата промаја е одличен избор да го продолжиме сонот во купе:

Пристигнавме во Гевгелија. Првите сончеви зраци веќе на небото, пријатен ветер кој не носи кон првото утринско кафе :)

Али кафе нема :) Сме подраниле :) во знак на протест, паркиравме еден овошен јогурт :)

А дипломатите што подзакаснија, после 3 часа стигнаа :)

за повторно да не ги загинеме (а постои голема можност-види десна рака:) ), го ангажиравме:

Константин – Чудо од дете! ако некогаш google крахира, a имате прашања поврзани со велосипед, сите одговори лежат во него.

Разбира се :) . Браво, и респект!

Достоен пречек

Сркнавме кафе, и тргнуваме!

Пат за Дојран и прва плажа(т.е. прва кафана :))

Додека тркалавме кон нашата туристичка дестинација, сонцето веќе влезе во радиоактивен мод, а кога го згогледавме летниковецот, без двоумење – пауза!

А ја продолживме, и свечено го означивме првиот дел на оваа тура – Кафански туризам! :)

Децата, ги оставивме на лулашки :)

Заврши  кафаната, останаа уште 4 (ајде супер сме ние, ќе ги сработиме сите ) :)

Пристигнавме во Дојран, топло пречекани од Студентот на размена од Куманово :)

Колективно раскупаќување, и одма на бањање! :)

Бидна освежување, одиме да ја упознаеме домаќинката на вечерта – Данче

Малку одмор, и припрема за вечерта – кафана бр.2 :), во кавалерска формација – девојките напред а ние со чекор на Ал Капоне :)



Директно во “Чардак”

Од старт, масата не бендисува – одиме да ја пополниме :)

Првото живели го памтиме,

Наредни 3 ги броиме ,

Следните ги гледаме од слики :)

Singy вика чалгии

Перо позира за каде www.kadevecer.com.mk

Смајли си е смајли :)

Управа 2 и Виц Мастер го медитираат тазе пристигнатото ребро во желудник :)

Голманот од Скопско крева 5 прсти - дава сигнализација дека коморите од желудникот се во полн работен ек :)

A ја глуму миротворац сас Кумановац :)

Kафаната затвори, но шоуто мора да продолжи :)

На монтажен шанк – плажа! :)

Конобарот копа бунар, Смајли и Singy се спремаат за својот настап, Виц Мастер е печен за DJ, го чекаме студентот од 3та смена

И го чекаме....

Еве го стигна :)

Живели во негово име :)

А по него да не пропуштиме некој,  го искористивме лексиконот со имиња, па живели за сите :)

Меродавен тест на нашата тековна состојба - колички :)

Завршија количките, следно на репертоар - Диско воз, забава и желба за микрофон!



Време е да одиме, но ќе навратиме пак! :)

Ден 2: Дојран – (*Кафани*)-Гевгелија-Скопје

Домаќинска фотографија, поздрави, честитки и желби за повторна посета

Тргнавме назад до Гевгелија, и како Кумановци што викаат: навам натам, тук и там....набрзо завршивме во... Фук-Так :)

Ајде сериозно, време е да возиме :)

По саат и половина возење пристигнавме во Гевгелија.

Дал од жешково, дал од тоа дека сме на југ, и поодамна не сме го возеле овој правец, се чувствувавме исцрпени, изморени и желни за....кафана!! :)

A што па да не, на толку кафани, ќе пројде и оваа :)

Ја испоздравивме последната кафана во турата, тргнавме кон возот. Прво се преброивме :), после се качивме, а за среќен пат беше задолжен Голманот од Скопско

Dear читателy,

како започна оваа сторија, така и ќе заврши

Искрено Ваши,

Управа1 Управа 2