Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Оваа статија ја пишувам да служи како промоција на нашите културно – историски и археолошки споменици кои многу не ги знаат но и како одговор и контра реплика на скептицизмот кој се јавува особено кај нашата велосипедска јавност дека нема да успееме да ја извозиме Velo Europe 2009.

Ова е само еден од нашите вообичаени тренинзи и подготовки за предизвикот кој не очекува.

Недела 7 часот наутро, Жико од Штип, јас од Кочани и собирно место на Крупиште. Ги консолидиравме ставовите и јас како водач овој пат поведов кон Пробиштип. Во Пробиштип мало освежување со сладолед на иницијатива на Жико, иако тој мислеше дека еден не е доволно па моравме да надокнадиме со  чоколадни бананки и тоа тазе. И продолживме, малку брдо 6-7 км  а потоа и спуст. И ете низ Приковци и Шлегово веќе сме во Кратово, на кафе кај Ѕинго ама од кафето ништо, па моравме да се задоволиме само со минералната вода од Гоцева чешма.

Минуваме покрај праисториската опсерваторија Цоцев камен која е на 18 км од регионалниот пат Кратово – Куманово, и по мала економска расправа дали незавршената пруга за Бугарија е капитална или пропадната инвестиција, на некои си десетина километри од Кратово скршнуваме лево и по 4 км од кои 2 земјен пат кој можете да го поминете и со roadbike, ете не на Куклите. Легендата за Куклите не ви ја раскажувам за да се заинтересирате повеќе па можеби оние кои не ја знаат и ќе ги посетат.

Мала пауза и закуска и тоа дека многу од убавите работи во нашата земја се оставаат на забот на времето.

И пат назад, сега малку повеќе брдо кон Кратово, и понатаму пат брдо а и сонце. Ама за сонцето ние “Поскоците” не се жалиме баш убаво ни дојде  печењето на асфалтот, после дождливиот период. И си возиме и возиме и после брдата просекот почна да скока и малку на смени со Жико ете не на Крупиште.

Овде разделба со Жико но и неочекувана средба со екипата на Електричарите Јоже, Боби, Тони и Ането кои се враќаа од тренинг од Радовиш.

И дур да замижиш со малку побрзо темпо еве ме во Кочани, презадоволен од турата и од трагите од сонцето на бицепсот.

 

Статистика:

Патека:  Кочани – Кратово – Камени Кукли и назад.
Должина: 150 км асфалт ( ама со Mountainbike ).
Време: 7 часа, активно возење 6 часа.