Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

10 и 11 Октомври во Кочанско така гласеше меилот на Другарот Ранте за турата која се организираше и така и биде. Скопските се качија на воз во 3.12 (сите освен еден, другарот Близнаковски - причината сеуште мистерија) и правец во велосипедскиот рај - Кочани.

И се со ред, си стигаш во Кочани малку појадок, малку чај кај Пано, малку лав муабет рано на сабајле, и еве ти 7.30, па во паркот и правец кон Шталковица. На екипата од петнаесетина бајкери како да и беше малку студено на почетокот, но само до првото брдо а таму сите полуголи. Мало престројување Сашето, Профата и Ичи кон Пониква, желни за малку подолг спуст, а ние другите кон Манастирот Пантелеј, некои си 18км брдо кои воопшто не беа проблем, особено ако носиш ранец со по 5 - 6 пилиња во него, планирани за печење во Шталковица, мислам дека и сликата од печеното пиле им даваше сила на Пано и Ивчо да го издржат патот. И ете не на Пантелеј, од таму прва проба на велосипедската патека, да се види дали стварно добро сме ја направиле, и добра била, така одлучи Скопското жири. Се по знаците и котите, со малку брдо и повеќе спуст, една пукната гума и еве не на Кампот. А да се јави и Близнаковски да ни каже дека фатил автобус, ја шмекнал Беровската кондуктерка и е на пат кон Кочани. И ете за саат време се собравме сите, од сите страни патиштата водеа во Шталковица. И овде на почетокот малку читање жолт печат за загревање, додека бобчето крчкаше во котелот, а Официјалниот бајкерски кувар ги токмеше пилињата. Навистина не возевме многу околу 30км, што на Лидија не и праеше кеиф ама надокнадивме наредниот ден. И еве го ручекот, алал вера на готвачите за бобот. После ручекот некои дремнаа а некои алпинисти ентузјасти на чело со Лидија на Раткова Скала, да се испитаат картите за качување (оценка - фантазија). И како пак да огладневме, и еве го и специјалитетот. И еснафски си седнавме покрај каминот, па со пиленце и пивце ги решававме бајкерските проблеми. Се окасни па сите си фатија кревет, а некои си легнаа покрај каминот, иако утредента тврдеа дека оџакот таа вечер слабо чурел Laughing.

Ко-автор: Pance.

 

Ден 2. Ранобудниците стана во 6 часот, Профата и Домарот Дацо на лов, а другите подготовка на појадок и GPS навигација по мапите на Ранте, за тоа што ќе се вози тој ден. Подготовка и тргнавме. Преку Злетово па Бучиште каде разделивме со Кочанската екипа (освен Панче и Ивчо на кои секогаш им е малку возење), кон Неокази, па Пуздерци, и уште некое мало селце ваму таму и така преку брдата и долините со мали паузи да се заврти некое орце, полека стигнавме до Свети Николе. И овде пак разделба (а разделбите тешки се). Kочанските кон дома, а другите преку Свети Николе за Скопје. Овде ни се придржи еден познат бајкер Другарот Марфи, кој инсистираше да не придружува до Скопје или подобро каде ќе стигнеме.

Но Марфи, еден и единствен Маунтбајкер во душа Tongue out, ги поздрави Пано и Ивчо, се нацрта на првото место пред екипажот за Скопје, и тогаш си почна редоследно по списокот на нешта кои треба да  ни ги направи, како турата би станала авантура (до возење на месечина Laughing). "Вооодушевени" од неговата план програма (Со наслов: "Од сонце до зајдисонце и возење на полна месечина" Smile, на крајот од турата и наше инсистирање добивме копија од списокот кој гласеше:

1. За добредојде, ве чека многуу угорница, затоа од вас барам: Во маркетот АСТРА да се направи "попис", кој купи најмалку ќе јаде.....кикирики, ама од рацете на ИвицаLaughing

2. Возење во следнава формација: 1в велосипедист: вози само на предно тркало, 2ор: користи нозе за управување со воланот, 3ет велосипедист-само лева кочница, 4 велосипедист-десна кочница, 5 - употребува раце само на удолница, 6 - гледа дали има баланс помеѓу првите 5орица (по 10cm простор помеѓу нив Smile), а 7миот.... му бил среќен број Laughing, и го прати да уплати лото во најблиската трафика Smile. За грешка - бушам гуми! Laughing Предност имаат девојките, 1ва грешка: АнеLaughing

3. Со цел да ви го ојачам авантуристичкиот дух и ексклузивно: возење на полна месечина, ќе ви го "утепам" времето, и по моја желба ве пренасочувам кон друг пат: Метеролошка станица: Ѓуриште Smile

4. Сега ќе ве научам како се менува гума: ајде Лидија, повели! Laughing, и тој што има повеќе резервни да не ги споделува со другите: Ана Laughing

5. 1 час возење на полна месечина, за атмосфера ќе пеете: Goran Bregovic - Mesecina Laughing. Кој не пее, или се јавува само на рефренот, ќе се слика со..... мечката Laughing

Марфи беше многу љубезен, и ние со нетрпение го очекуваме во следното патешествие Wink. Во 20:30 стигнавме во Катланово, каде не пречека Камиончето (Досегашни форми: воз, запрежна кола, трактор, MITSUBISHI COLTLaughing) од Назарет Tongue out

Живи, здрави и многуу гладни  Laughing, околу 22h пристигнавме во Скопје.

Феноменален викенд и одлична организација од Кочанците!

Ко-автор: Александар.

 

Фото: rante