Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Решение во 1:30 наутро, без да се знае, дали да се иде или не, ако се разбудиме тргаме. За среќа станавме, се најдовме, иако рековме ќе тргнеме најкасно 8 и пол ние тргнавме 9. Целта ни беше да се искачиме до Кокино. Но тргнување задоцнето, и се така за ред рековме до каде, барем Младо Нагоричане, а јас цело време Старо Нагоричане го викав. Требаше до таму да дојдам, за да ми кажат дека е Младо, а не Старо.

Тргнавме. Јас и Дејан. По автопат се до Куманово-за да скратиме. Стигнавме Куманово и баравме да земеме еден добар бурек. Ја најдовме бурекџилница Мики, и земавме по еден. Сила да се искачиме. Кога тргнавме мене ми се скрши држачот за седиштето. Ајде сеа уште тоа ми требаше. Ем касниме од почеток со времето, сега и ова. Но се случува се. Прва продавница и импровизација, колку да не се шетам со седиштето лево десно. И тргнавме, повторно.

Сонце, Убавини, денот се погоди. Таман за Кокино беше, но ако на време се тргне.

И, ете после некој изминат километар се појавија вулканските карпи. Ја, како секогаш, се радувам како мало бебе.

Стигнавме, пред нас прва ни е Св. Ѓорѓија и плус нешто, на влегување сретнавме едно чиче што ни рече дека ако сме сакале да влеземе во црквите треба да му дадеме документ. Јас веднаш му давам лична карта, а тој : Не Не , документ од владиката.  SurprisedSurprisedSurprised

Леле до кај стигна ова, а тоа се да било недоразбирање. Тој документ ни треба ако сакаме да сликаме во црквата, али ни требаше и на двајцата некое време да се разјасниме што сакаме. Па полека чичето не однесе и до другата црква Св. Петка - што заборавив да ја сликам. Каде не понуди со јадење, и леб од Св. Петка.

Чичето, инаку може да се најде само во Петок и во Недела таму за да ви ги отвори црквите, ама ние сме имале среќа да го начекаме во Сабота.

Времето кое ќе се извози до Младо Нагоричане, за назад се крати на половина. Цело време додека се оди до Куманово е многу блага неприметлива угорница. После Куманово до Нагоричане е угорница.Wink