Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

 

ЕкипатаОва е сторија за десет храбри бајкери и една 60 километарска дождовна тура извозена и покрај лошите временски услови и клетвите од временските прогнозери, што го направи ова дружење уште поинтересно и не научи како да уживаме во дождот и во калливите спустови.

Релацијата за возење веќе одамна позната кон манастирот Свети Симеон, а денот се знае недела, но и празник па затоа и тргнавме на манастир да прославиме. Кочанската екипа поткрепена со двајца Скопски (Ацката и Даниела) и еден Прилепчанец (Моте) уште рано наутро беше подготвена за одлична дружба и уште една прекрасна вонсериска авантура.

Старт во 7 часот и веднаш брдо за загревање. Ивчо не дозволи ни да се загрееме, барем не на мене, отиде задната гума, другите продолжија ја и Ивчо у pit-stop. Менуваме и по нив, дури ги стасавме, и сфативме дека сме во форма, сега па предната (аман бе Иване викам си ја), и пак истото менувај и гони и finally, стасавме ги, иако Ивчо на моменти мислеше дека задното тркало му блокира се додека не сфана дека му блокираат нозете. И повторно сите на куп, и почна да роси, па да се облече шушкавец, чисто да се смири совеста дека ќе те заштити од дождот. Единствено што се согласивме сите беше дека најбољи шушкавец е оној на МЖ (македонски железници).

  Ивчо и шушкавецот на МЖ         

После 12-13 километри брдо конечно спуст и тоа добар, веќе и подзаборававме на дождот, се впуштивме во уживање, толку добро шо кочници не ни се фаќаа иако моравме во некои кривни. Дождот уште посилен но и ние инаетчии се бориме против него, но да бидам искрен со малку допинг – малку жолта за загревање од локалните излетници и навистина беше добар допинг.

       

Повторно качување успат зачинето со по некоја капина набрана покрај патот. Полека и подзаборававме на дождот но не и тој на нас, и конечно еве не на манастирот. Веднаш пресоблекување и подготовка на специјалитетите на нашиот бајкерски кувар, фолија во жар, а шо имаше во неа оценете од сликите.

Скарата доби и двојна функција со иновација на Чичо Перо и физичарските пресметки на Моте т.е. сушална за дресови и шорц- поконкретно тоа не беше сушална тоа беше чадална, па после немало да не гонат кучиња па ќе не гонат кога носевме чадени дресови.

чадење дресови        чадење дресови

Денот беше посебен по тоа шо на нашиот кувар Ивчо и официјално му беше доделена и дипломата за најдобар бајкерски готвач, за неговите извонредно богати палачинки и неговата чадена фолија. Ова воедно претставува повик до сите бајкерски здруженија и нивните кувари (доколку ги имаат - во што се сомневам), на дуел со нашиот Рис- Ивчо. Но да ве предупредам веќе ја имаме поддршката од Скопјани, ги заведовме со одличните палачинки уште одамна.

Дипломата

После убавата лапачка и освежување повторно назад. Малку качување и спуст но и малку глума за пред камерата на Сашко со неговите спортски фотографии. Ова и официјална благодарница до Сашето за феноменалните фотографии. Јас и Моте малку дивеевме на спустот но сигурно тоа беше од допингот, мора да бил неосетно многу јак. Еве не кај реката повторно,но овде неколку скокови на мостот, за уживање и за публика, и пак менување на гума (аман бе Иване).

 

 

 

 

 

 

 

 

          

Ааааа извинете , за дождот прашавте, тој си врнеше континуирано но не силно, силниот го оставивме за крај. Полека го искачивме и последното брдо и сите заедно се спуштавме кон Кочани и како одненадеж влеговме во облаци, се што гледав беше црвени трепкачи под седиштата. Дождот удираше силно и од страна а ние само силно извикувавме за да се отргнеме од болката, кочниците се повеќе и повеќе пропаѓаа, некој спомна нешто хипертермија, но кога не знаете што е тоа помалку боли, нели?.

        

Фала богу во градот сме, и сега како по правило дождот стиши. И на крајот малку забава по вировите низ градот. Брзо си разотидовме кон дома, сонувајќи ја топлата када, и топлиот чај. Гостите право кај Ивчо на сушење а потоа на воз, а ние останатите откако се освеживме, back to life и на дипломска кај најдобриот готвач.    

 

Ова беше затворање на сезоната, но само на летната и почеток на есенските авантури.

 

ЗАБЕЛЕШКА НА ПИСАТЕЛОТ (за наредниот ден): Возете брзо, но не заборавајте да ги смените гумичките (на V-brake от)