Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Прекрасен летен ден, 5 часот наутро. Мир и бескрајна тишина го галеа Скопје, се беше спокојно и боженствено, но само навидум. Нашите возбудени срца бурно биеја и веќе беа подготвени за нов предизвик и ново доживување, спремни за жестока битка со природата и нејзините убавини. Тоа утро беше создадено за едно ново и прекрасно патешествие, со центар на внимание прекрасното Езеро Козјак.

 

          По малку негодување и грижа на моите родители, во однос на мојата возраст и предизвикот кој си го поставив за цел, утрото на 29.06.2008 со мојот постар брат тргнавне во посета на ново-изградената брана на Реката Треска, ХЕЦ. Козјак. Патешествието го започнавне од нашата населба Бутел 2, маршрутата се движеше преку населбата Железара (Гази Баба), се спуштивне во Авто Команда го одминавне веќе покојниот Авто-Пазар, потоа следеше ново изградениот универзитет ФОН и се упативне правец кон Цементара-“Усје”.
 
TE раскрсница во Пинтија
 
На тераскрсницата, се упативне лево по патот спрема Драчево и се движевне се до мостот на Маркова Река, тука е местото каде што треба да го смените правецот на движење, немојте да залутате накај Зелениково или Драчево, туку на самиот мост на Маркова река скршнете десно на раскрстницата и профолжете го патот во правец паралелно со Маркова Река. Патем, тоа утро имавне доста проблеми со локалните  селски кучиња се надевам нема да споделите слично искуство и вие. На почетокот патот е под постојан но благ успон, за да последните 20 километри (од рудникот на Усје до највисоката панорама на Козјак) се претворат во вистински рај за секој уживател на планинско возење. При крајот, патот преминува во убаво пејсажен планински предел, со заводливи и завидни угорници по моја претпоставка 5% стрмнина опкружени со даб и бор.

Панорама кон езерото Козјак

Стигнавне до највисоката точка од кој можете да се задоволувате со сладострастите од глетката кон езерото и патот кој води кон него. Навистина несекојдневно доживување, барем за мене. За задоволството да биде комплетно се спуштивне до самото езеро, во продолжение ни следуваше 8км удолница со пад во просек 9%. Сите кој за прв пат го посетуваат ова место ги молам за внимателно возење и добра кочница, бидејќи се развива голема брзина а на патот има премногу одрони од карпи, затоа  најдобронамерно би ви советувал да си понесете кацига со себе, затоа што едноставно врнат камења, а градска болница е оддалечена речиси 60км :).

Доволно беше да го допреме езерото, да ги поздравиме рибарите со поздравот Среќно, и откако почнаа да не пцујат фативне магла, пошто животот ни беше мил пред се хехех. Пошто веќе беше 12 часот напладне, а последиците од глобалното затоплување директно маваа во нашите глави,  фативне магла за накај дома. На температура од околу 40 степени и усвитен асвалт, а на грб три кила алат, прва помош и пет празни шишиња за вода, решивне достојно да си се носиме со нашиот предизвик и да не му потклекнеме. Десет километри нагорнина со успон од 9%, ја искачивне во еден здив и со само 0,5л вода. Тоа беше и последната капка вода, а следуваа уште добри 40км возење на 40 степени пекол. За пеколот да биде уште попеколен, овој пат решивне етапата да ја завршиме преку Горно и Долно Соње. Скршнавне лево кај каменоломот на Усје само затоа што една екстремна удолница ни го измами погледот. Следеа безброј стрмнини кои не се баш за потценување за да  на крајот маестрално влеговне во прегратките на Скопје и триумфалната капија (не во Париз) туку Стара Рампа, инаку рампите се баш кулллл и ти будат триумфално чуство хехех.

Иииииии следуваше водааааааа!!!!!. (Напомена: дента Скопје имаше дефицит на вода, поради нашите потреби, секако хехехех). Следуваше најтешкиот дел од делницата, не паничете не беше alpe d'huez, туку Кисела Вода -> Бит Пазар -> Чаир ->  Бутел2 и секако неизбежните ауспуси кои директно ти маваат в лице.

Совет: Во одредени сегменти делницата е доста напорна, затоа препорачливо е да избирате поладни термини за возење како доцна пролет или рана есен. Притоа добро организирајте си го времето,  при несакани последици гледајте да ви остане време  за безбедно да си се вратите дома, бидејќи одредени сегменти од патот не се покриени со телефонска мрежа, па потешко ќе можете да побарате СОС од било каков тип. Од опрема: вода колку што мислите дека ќе ви биде доста, но не потценувајте ги надворешните прилики и неприлики, кацига, некаков серум против инсекти и грабливки (помошта на вакви непристапни терени понекогаш доколку не биде навремена може да биде фатална, но тоа е само мој совет), а за остатокот од опремата препуштам на вашата потреба и вашата имагинација.