Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 Кога отседуваш во Охрид и се мислиш каде би можел добро да се извозиш, ова е патека за трекинг која прва треба да ја провериш.

 Започнува од надалеку познатата бензиска тркалезна пумпа на излезот од Охрид кон плажите. Веднаш одзади има еден асфалтен пат кој води нагоре кон село Велестово. Тоа е тоа, твојот почеток. Патеката е одлична за трекинг, комбинација од асфалт и колски патишта. Вкупната должина е околу 68км. Јас патеката ја делам на 5 дела, различни поради патот и возењето.

 I дел започнува од бензинската па се до селото Велестово. Асфалтен пат, долг околу 5км со постојана угорница. Овој дел од патот не е посебно интересен, повеќе служи за да те спреми за тоа што допрва доаѓа. Инаку има напати пристоен поглед на Охридското езеро, па и Охрид. Пристигнува во Велестово, каде пред самиот центар на селото е една од најстрмните угорници. Сред-село не ти е важна точка, колку што ти е потребна. Таму е чешмата, а Галичица е планина без многу вода. Така да наполни добро.

 II дел на патеката започнува од селото Велестово. Тоа е колски пат, кој се издвојува на лево од асфалтот нешто пред сред-село. Бидејќи ти ќе полниш вода, ќе тргнеш по истиот пат назад и на некои 500м, после една куќа (од многуте) ќе заприметиш колски пат кој врти на десно и оди во планината. Тоа е патот за тебе. Поради потребите на мобилните оператори, а и други луди воени потреби, тој пат неодамна е проширен, што се вика - обновен. Така да по цел пат има големи остро искршени камења кои ќе ти се плеткаат меѓу тркала. Патот одејќи нагоре криви те на лево, те на десно по планината се до сртот на Галичица каде има премин помеѓу тригонометрите (врвовите) ’Среден врв’ и ’Три мажи’. По патот, пред самиот срт, има места од каде доколку се посреќиш со бистро време, ќе го имаш северниот дел од Охридското езеро на дланка. Прекрасен поглед. Должината на овој дел е некаде 7км.

 III дел всушност продолжува по истиот тој колски пат. Откако ќе го префрлиш сртот, пред тебе се отвараат високите ливади на Галичица. Од тука само ја следиш колската патека, по црвениот прашлив пат, се кон југ и се обидуваш да не промашиш. Постојат повеќе патишта кои се испреплетуваат, меѓутоа ти треба да се држиш до најголемиот, или до тој што ќе ти биде најнеугоден бидејќи оттаму поминал некогаш булдожер со гасеници па малку вибрира патот.Тоа те води до областа Асан Џура. На половина пат, кај Асан Џура, има планинска куќа со бунар. Веќе од таму патот е поедноставен, и искривен меѓу ридчињата и ливадите. Конечно после поминати 13км по црвена пепел, стигаш до ски-лифотвите.

 IV дел е веќе повторно афалт. Започнува од кај ски-лифотвите, па 3 км се спушта до патот што ги поврзува Охридско езеро и Преспанско езеро. Кога ќе излезеш на патот вртиш во десно и полека, нагоре повторно, се упатуваш назад кон Охрид. Блага угорница те носи 7км до Преслап на 1568мнв а од таму, покрај прекрасниот поглед, удолница. Удолницата се спушта 13км се до патот Охрид - Св. Наум. Целата должина на овој дел од патот е 23км.

 V дел и последниот и најдосадниот и нај опасниот е враќањето. Ти остануваат 20км по патот крај обалата. Ако си ја погодил сезоната си ги погодил и автомобилските гужви. Со среќа.

 Галичица