Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 
Локација: Град скопје

Патеката започнува од пред меаната Жабарот, се движи по десната страна на регулацијата на реката Вардар и завршува кај мостот Обединети нации. Вкупна должина од 6,2км.

Патеката е популарна од март до октомври. Лесно пристапна е и асфалтирана.

Ја препорачувам за најекстремните велосипедисти кои сакаат асфалт. Во зависност од периодот на денот, попладне е најдобро, тогаш може да се добие одлична гужва од велосипеди, ролери, луѓе што трчаат, џогираат или само се шетаат. Може да се појави и по некој скутер. Вистински предизвик претставува да се постигне брзина и да не се загине. За тие најсреќните понекогаш може да налетаат и на куче кое го прати сопственикот, количка со бебе или пак растрчани деца. Верувај дека сите присутни, наместо да одат пешки по патеката за пешаци, ќе се симнат на патеката за возење штом ќе се расчуе дека си таму.

Во утринските часови може да се користи како патека за рекреативно возење на велосипед.

Опција претставува возење по неасфалтираниот дел од патеката, каде нереметено се вози, со исклучок на понекој што трча или џогира. За тие што не сакаат контактни спортови ја препорачувам оваа опција.

Недостаток е големата концентрација на мушички и други неиндетификувани летечки објекти. Понекогаш непријатна миризба од реката. Инаку не ретко задоволство е да се ужива во отворениот поглед кон Шар Планина, свежиот ветар кој дува покрај реката, небото. Сепак тоа е место каде ќе ги сретнеш поголемиот дел од велосипедистите преку недела.

крај Вардар