Рејтинг на корисник: 1 / 5

Активна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Сода бикарбонаРешението на краткотрајниот умор во мускулите може не е подалеку од кухинскиот креденц!

Научниците го докажаа тоа што бабите ни го кажуваа со години - сода бикарбоната e решение за многу наши проблеми, па дури и подобрување на сопствениот рекорд. 'Допингување со сода', како што е познато меѓу професионалните спортисти, може да има значителен ефект на издржливоста и брзината.

Сода бикарбона изгледа дека најдобро функционира во однос на зголемување на брзината. Студија на Универзитетот од Loughborough откри дека од девет пливачи кои земале сод бикарбона пред настан, осум имале по брзи времиња, пишува во Тајмс. Водачот на студијата, Jonathan Folland, вели: ’Во основа, сода бикарбоната е алкална супстанција која ја зголемува Ph вредноста на крвта’. Ова изгледа ја намалува и неутрализира киселоста која се произведува во мускулите за време на интензивни, анаеробични вежби кои произведуваат млечни киселини како што се пливањето и трчањето.’

Сода бикарбона, доколку сте ја земале за проблеми со варењето знаете, ги намалува киселините со што му помага на телото да се справи со киселинските отпадни производи за време на вежбањето, со што го намалува уморот во мускулите.

За велосипедисти, ова значи дека соба бикарбона може да го одлжи уморот на мускулите. Според последната студија за велосипедисти, објавена во 2004, заклучокот е дека сода бикарбона го намалува уморот и се однесувала за дозирање од 300mg за 1 kg на телесна тежина земени еден час пред тестот. Или нараодно кажано, велосипедист од 67 kg треба да земе едно пакетче (20 g) сода бикарбона пред трка или вежба.

Додека сода бикарбона изгледа дека го подобрува перформансот, штосот е дека е докажано само за спринт, а не и за целодневни напори. Пливачите од студијата од Loughborough скратија 1,5 секунди од нивното време на 200 m пливање. Дополнително, крати секунди, а не минути од времето на изведба, така да само нај успешните атлети ќе приметат разлика. За тие што се интересираат да ја тестираат оваа формула, најдобро е да пробаат да возат напорни вежби од кратки спринтови. Дури и да не почуствуваат поголема брзина, тоа ќе биде добра вежба.

Студија на Американскиот колеџ за спортска медицина откри дека и трчачите може да ги подобрат своите перформанси со сода бикарбона.

Но супстанцата, која во старо време е користена како средство за чистење, може да предизвика проблеми во стомакот и има непријатен вкус. ’Не е опасна, но вкусот и е одбивен,’ предупредува Dr Folland. Тој вели дека само тие кои се многу сериозни за спорт треба да го пробаат белиот прашок, кој може да предизвика пролив.