Страница 23 од 32
С
Светло - Направа за осветлување на патот.
Англиски: Light
Синџирници - тркало со запци на кои запци има синџир (ланец, верига) која го придвижува тркалото или можеби обратно. Да, тоа е тоа што го имаш на задното тркало и на погонот. Најпознати се како ѕвезди.
Синоними: Запчаници, Веришници, Ланчарници, Ѕвезди
Битолски: Ѕвезди
Англиски: Sprockets
Селе Италија (Selle Italia) - Производител на седла за велосипед од Италија.
Италијански: Selle Italia
Сопирачка - Литературен назив за кочница.
Поврзани термини: кочница
Англиски: Brake
Спици - Влегуваат во состав на тркало. Тоа се жици кои го поврзуваат бандажот со главината.
Синоними: Шпици, Жици
Битолски: Спици, Шпици
Англиски: Spokes