Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Овој зборник содржи зборови, термини, изрази и имиња кои се сретнуваат кај велосипедите. Толкувањето на зборовите не е официјално, нити лексички проверено. Се однесува само за велосипеди и велосипедисти. Ако на некој јазичар или техничар толкувањето му изгледа чудно, нека не те чуди, велосипедистите се чудни луѓе.

За составување на овој велосипед искористено е моето знаење, знаењето на многу велосипедисти кои ги познавам, дискусии на фејсбук групата то4ак, како и официјални документи, како на пример: Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилник за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи.

Во зборникот се дадени и дијалекти па и странските изрази на дадениот збор. Те молам пиши ако знаеш превод на некој јазик или дијалект кој не е пишан тука.

Ако откриеш дека постои некој збор кој ти го знаеш поинаку, или збор кој недостасува, особено ако знаеш што значи, па и да не знаеш, пиши на то4ак за тоа.


A

Алуминиум - Слаб, но лесен метал со сребрен отсјај. Кога ќе се помеша со други метали (манган) се добива дуралуминиум кој е лесен и цврст.
Синоними:
Поврзани термини: Легура
Англиски: Aluminum

Аштабула (Ashtabula) - Производител на велосипедски делови од Соединетите Американски Држави. Нивните производи се евтини, но тешки и челични.
Англиски: Ashtabula

 


Б

Багажник - Додатна опрема за велосипед на која можеш да ставиш нешто.

Бајлак - Нов слој на стара надворешна гума, поставен врз старата која е подуена од старост.
Битолски: Бајлак

Бидон - Шише за вода или некоја друга течност.

Брзиномер - Направа за мерење на моменталната брзина на велосипедот.


В

Велосипед - Возило што има најмалку две тркала и што се движи исклучиво со силата на возачот. (Закон, 2007)
Англиски: Bicycle

Велосипедска патека - Изградена сообраќајна површина наменета за сообраќај на велосипеди која е издвоена од коловозот и обележана со пропишан сообраќаен знак. (Закон, 2007) 
Англиски: Bicycle path

Вентил - Внатрешните гуми на велосипедите имаат вентили преку кои се полнат со воздух. Најчести видови се Преста и Шредер. Шредер е видот кој е ист како кај автомобилските гуми. Преста се слични на Шредер, но се помали и полесни во тежина.
Синоними:
Поврзани термини: Гума, Ѕифана
Англиски: Valve

Верижници - тркало со запци на кои запци има верига (ланец, синџир) која го придвижува тркалото или можеби обратно. Да, тоа е тоа што го имаш на задното тркало и на погонот. Најпознати се како ѕвезди.
Англиски: Sprockets

Волан - Составен дел од велосипедот со кој се командува правецот на движење.
Синоними: Гидан, Тимон
Битолски: Тимон
Англиски: Handlebar

Возач - Лице кое управува со возило на пат или кое се вози во возилото, со цел да биде на располагање на возење, доколку е неопходно. (Закон, 2007)
Англиски: Driver

Воздушен притисок - Количина на компресиран воздух во велосипедската гума. Скоро сите велосипедски тркала имаат гума исполнета со воздух, вообичаено со внатрешна гума која е како балон за да го зароби воздухот. Компресираниот воздух го прави возењето поефикасно и поудобно. Притисокот вообичаено се мери во бари (Bars) што претставува кратна разлика од нормалниот атмносферски притисок или во фунти на квадратен инч (Pound per Square Inch - PSI) Просечната модерна дебела гума издржува приотисок до 65PSI. Просечната модерна тенка гума може да издржи притисок до 100PSI. Точниот препорачан притисок се разликува од еден модел на гума до друг и скоро секогаш е напишан од страната на гумата.
Синоними: Напумпаност.
Англиски: Air preasure

Возило - Секое превозно средство наменето за движење по пат, освен подвижнитестолови без мотор за немоѓни лица и детските превозни средства. (Закон, 2007)
Англиски: Vehicle


Г

Гума - Мека направа која се монтира на тркалата од велосипедот и е во контакт со патот. Гумата дава по ефикасен, по удобен и по траен од отколку кога металните тркала директно би биле во контакт со патот. Најчесто велосипедските гуми се исполнети со воздух под притисок за да го ублажи возењето и да го намали триењето. Гумите исполнети со воздух се наречени и ’пневматици’. Гумите се прават од текстилна обвивка покриена со природна или вештачка гума. Гумите најчесто се црни затоа што додаден е јаглерод како би се продолжил работниот век на гумата. Без јаглерод и други адититиви многу брзо би се потрошиле. Гумите со странични ѕидови од ластик се поефикасни од тие со црни странични ѕидови поради помалото триење што се создава при виткањето на ѕидовите кога гумата се тркала. Од другастрана зидовите од ластик не траат многу долго на сонце.
Синоними: Тркало
Поврзани термини:
Англиски: Tire, Pneumatic tires

 


Д

 


Ѓ

 


Е

 


Ж

Жици - Влегуваат во состав на тркало. Тоа се жици кои го поврзуваат бандажот со главината. 
Синоними: Спици, Шпици
Битолски: Спици, Жици
Англиски: Spokes


З

Запчаници - Тркало со запци кое се допира и врти од друго тркало со запци. Не не е ова тоа што го имаш на велосипедот. Тоа се веришници или синџирници или можеби и ланчарници.
Синоними: Веришници, Синџирници, Ланчарници, Ѕвезди
Битолски: Ѕвезди
Англиски: Cogs


Ѕ

Ѕвезди - тркало со запци. Најчест назив за верижниците што се наоѓаат на задното тркало или они што се на погонот. Па оттаму и изразот задни ѕвезди и предни ѕвезди, соодветно. Инаку најсоодветен македонски израз е верижници, синџирници, или пак ланчарници.
Синоними: Запчаници, Веришници, Синџирници, Ланчарници
Битолски: Ѕвезди
Англиски: Sprockets или поеднакво технички погрешно користениот израз: Cogs

Ѕвонче - Направа кој испушта врева како знак на предупредување, а понекогаш и поздравување.
Англиски: Bell


И

 


Ј

 


К

Калници - Додатна опрема на велосипедот кој го штити визачот да биде исрскан од кал. Некои луѓе ова го викаат браник иако браник има сосем поинаква функција.
Синоними: Браници, Чамурлуци
Битолски: Чамурлуци
Англиски: Fenders или Mud Guards

Кампањоло (Campagnolo) - Италијански производител на велосипедски делови. Најпознат е по преносите, менувачи, кочници. Најпопуларни се кај уличните велосипеди и се смета за еден од најквалитетните производители. Карактеристично за Кампањоло деловите е што може да се порача секој составен дел посебно (на пример: конус, лагер).
Италијански: Campagnolo

Катадиоптер - Направа која рефлектира светлина.
Поврзани термини: мачје око
Англиски: Safety reflector или Bicycle reflector или Prism reflector

Клучалка - Додатна опрема за велосипед со која можеш да си го заклучиш велосипедот.

Кочница - Направа за запирање на велосипедот, најчесто поставена на тркалото или некако поврзана со тркалото.
Поврзани термини: Сопирачка
Англиски: Brake

Кошница - Додатна опрема за велосипед во која можеш да ставаш работи.


Л

Ланчарници - тркало со запци на кои запци има ланец (верига, синџир) која го придвижува тркалото или можеби обратно. Да, тоа е тоа што го имаш на задното тркало и на погонот. Најпознати се како ѕвезди.
Синоними: Запчаници, Веришници, Синџирници, Ѕвезди
Битолски: Ѕвезди
Англиски: Sprockets

Легура - Метал кој е помешан со други метали или минерали за да добие поинакви - по корисни карактеристики. Например легура од никел и железо/челик дава железо/челик кој не ’рѓосува. ’Легура’ најчесто означува алуминиумска легура кај велосипедите.
Синоними:
Поврзани термини: Алуминиум
Англиски: Alloy


Љ

 


М

Масло - Вид на подмачкувач. Маслото е течно.
Синоними: Подмачкувач
Поврзани термини: Маст
Англиски: Oil

Маст - Вид на подмачкувач. Маста е како крем.
Синоними: Подмачкувач
Поврзани термини: Масло
Англиски: Grease

Мачје око - Направа која рефлектира светлина.
Поврзани термини: катадиоптер
Англиски: Safety reflector или Bicycle reflector или Prism reflector


Н

Ногарка - Или по описно кажано Ногарка за потпирање е додатна опрема за велосипедот со помош на што велосипедот може да биде потпрен во исправна позиција.
Синоними: Носач, Штендер.
Англиски: Kickstand

Носач - Додаток на велосипедот со кој велосипедот се потпира во исправна состојба.
Синоними: Ногарка, Штендер.
Англиски: Kickstand

Носечки конус - Kонус.
Синоними: Конус
Поврзани термини:
Англиски: Bearing cone

 


Њ

 


O

Одометар - Мерач кој покажува колку километри велосипедот поминал. Некои одометри имаат компјутерски чип и екран. Тие ја мерат далечината преку чувствтелност на електричен сигнал генериран од магнетот монтиран на жиците од тркалото, преку сензор поставен на виљушката. Други се механички. Највообичаените имаат мал шилец монтиран на шпица, кој го придвижува запчаник секој пат кога ќе помине низ него.
Синоними: Компјутер, Брзинометар
Поврзани термини:
Англиски: Odometer, Cyclometer

Осовина - Прачка околу која ротира предмет, во нашиот случај тркалото или преносот.
Синоними:
Поврзани термини:
Англиски: Axle

 


П

Пешак - Лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило, ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, велосипед со мотор или подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или сила на мотор, ако притоа се движи со брзинана човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери. (Закон, 2007)
Англиски: Pedestrian

Погон - курблите со предните ѕвезди. Некои велосипедисти кога ќе кажат погон мислат на пренос, кој пак означува поголем систем.
Англиски: crank set

Погонски склоп - Некаде познато и како пренос или преносен систем. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи.
Англиски: Drivetrain

Пренос - Некаде познато и како преносен систем, односно погонски склоп. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи. Овој термин е најчесто користен во разговорниот јазик на велосипедистите.
Англиски: Drivetrain

Преносен систем - Некаде познато и како пренос, односно погонски склоп. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи.
Англиски: Drivetrain

Пумпа - Направа за внесување воздух - пумпање на гумите од тркалата.
Англиски: Bicycle pump, Pump

 


Р

Рам - Основата на велосипедот на која се редат сите други составни и дополнителни делови. Рамот може да биде изработен од железо, посебен челик, алуминиумска легура, јаглеродни влакна, дрво, а во последно време има и пластични па и хартиени рамови.
Синоними: Кадро, Рамка
Битолски: Кадро
Англиски: Frame

Рамка - Основата на велосипедот на која се редат сите други составни и дополнителни делови. Рамката може да биде изработен од железо, посебен челик, алуминиумска легура, јаглеродни влакна, дрво, а во последно време има и пластични па и хартиени рамки.
Синоними: Кадро, Рам
Битолски: Кадро
Англиски: Frame


С

Светло - Направа за осветлување на патот. 
Англиски: Light

Синџирници - тркало со запци на кои запци има синџир (ланец, верига) која го придвижува тркалото или можеби обратно. Да, тоа е тоа што го имаш на задното тркало и на погонот. Најпознати се како ѕвезди.
Синоними: Запчаници, Веришници, Ланчарници, Ѕвезди
Битолски: Ѕвезди
Англиски: Sprockets

Селе Италија (Selle Italia) - Производител на седла за велосипед од Италија.
Италијански: Selle Italia

Сопирачка - Литературен назив за кочница.
Поврзани термини: кочница
Англиски: Brake

Спици - Влегуваат во состав на тркало. Тоа се жици кои го поврзуваат бандажот со главината. 
Синоними: Шпици, Жици
Битолски: Спици, Шпици
Англиски: Spokes


Т

Тандем - Велосипед изграден за двајца или повеќе. Предниот возач ја има контролата и кочниците. Многу ретко и кај возачот отпозади има поставено кочници. Скоро сите тандеми се поставени во една линија, еден позади друг. Во ретки случаеви тие се еден до друг. Најголемиот тандем што досега е изграден носел 35 возачи.
Синоними:
Поврзани термини:
Англиски: Tandem, Sociable bike

Точачар - Човек кој поправа велосипеди, механичар за велосипеди.
Синоними: Точкар
Битолски: Точачар

Точкар - Човек кој поправа велосипеди, механичар за велосипеди.
Синоними: Точачар
Битолски: Точачар


Ќ

 


У

 


Ф

 


Х

 


Ц

Центрирање - Да се направи тркалото, или друг ротирачки предмет, да биде тркалезен и да се врти во една рамнина.
Англиски: Align

Циклокомпјутер - Направа која најчесто мери брзина, изминат пат, најголема брзина, просечна брзина, време на патување и ред други работи на велосипедот.


Ч

 


Џ

 


Ш

Шпици - Влегуваат во состав на тркало. Тоа се жици кои го поврзуваат бандажот со главината. 
Синоними: Спици, Жици
Битолски: Спици, Шпици
Англиски: Spokes