Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

В

Велосипед - Возило што има најмалку две тркала и што се движи исклучиво со силата на возачот. (Закон, 2007)
Англиски: Bicycle

Велосипедска патека - Изградена сообраќајна површина наменета за сообраќај на велосипеди која е издвоена од коловозот и обележана со пропишан сообраќаен знак. (Закон, 2007) 
Англиски: Bicycle path

Вентил - Внатрешните гуми на велосипедите имаат вентили преку кои се полнат со воздух. Најчести видови се Преста и Шредер. Шредер е видот кој е ист како кај автомобилските гуми. Преста се слични на Шредер, но се помали и полесни во тежина.
Синоними:
Поврзани термини: Гума, Ѕифана
Англиски: Valve

Верижници - тркало со запци на кои запци има верига (ланец, синџир) која го придвижува тркалото или можеби обратно. Да, тоа е тоа што го имаш на задното тркало и на погонот. Најпознати се како ѕвезди.
Англиски: Sprockets

Волан - Составен дел од велосипедот со кој се командува правецот на движење.
Синоними: Гидан, Тимон
Битолски: Тимон
Англиски: Handlebar

Возач - Лице кое управува со возило на пат или кое се вози во возилото, со цел да биде на располагање на возење, доколку е неопходно. (Закон, 2007)
Англиски: Driver

Воздушен притисок - Количина на компресиран воздух во велосипедската гума. Скоро сите велосипедски тркала имаат гума исполнета со воздух, вообичаено со внатрешна гума која е како балон за да го зароби воздухот. Компресираниот воздух го прави возењето поефикасно и поудобно. Притисокот вообичаено се мери во бари (Bars) што претставува кратна разлика од нормалниот атмносферски притисок или во фунти на квадратен инч (Pound per Square Inch - PSI) Просечната модерна дебела гума издржува приотисок до 65PSI. Просечната модерна тенка гума може да издржи притисок до 100PSI. Точниот препорачан притисок се разликува од еден модел на гума до друг и скоро секогаш е напишан од страната на гумата.
Синоними: Напумпаност.
Англиски: Air preasure

Возило - Секое превозно средство наменето за движење по пат, освен подвижнитестолови без мотор за немоѓни лица и детските превозни средства. (Закон, 2007)
Англиски: Vehicle