Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

П

Пешак - Лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило, ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, велосипед со мотор или подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или сила на мотор, ако притоа се движи со брзинана човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери. (Закон, 2007)
Англиски: Pedestrian

Погон - курблите со предните ѕвезди. Некои велосипедисти кога ќе кажат погон мислат на пренос, кој пак означува поголем систем.
Англиски: crank set

Погонски склоп - Некаде познато и како пренос или преносен систем. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи.
Англиски: Drivetrain

Пренос - Некаде познато и како преносен систем, односно погонски склоп. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи. Овој термин е најчесто користен во разговорниот јазик на велосипедистите.
Англиски: Drivetrain

Преносен систем - Некаде познато и како пренос, односно погонски склоп. Вкупниот систем на пренесување на силата на нозете на тркалата: педали, курбла, предна/и ѕвезди, ланец, задна/и ѕвезда/и и менувачи.
Англиски: Drivetrain

Пумпа - Направа за внесување воздух - пумпање на гумите од тркалата.
Англиски: Bicycle pump, Pump