Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

К

Калници - Додатна опрема на велосипедот кој го штити визачот да биде исрскан од кал. Некои луѓе ова го викаат браник иако браник има сосем поинаква функција.
Синоними: Браници, Чамурлуци
Битолски: Чамурлуци
Англиски: Fenders или Mud Guards

Кампањоло (Campagnolo) - Италијански производител на велосипедски делови. Најпознат е по преносите, менувачи, кочници. Најпопуларни се кај уличните велосипеди и се смета за еден од најквалитетните производители. Карактеристично за Кампањоло деловите е што може да се порача секој составен дел посебно (на пример: конус, лагер).
Италијански: Campagnolo

Катадиоптер - Направа која рефлектира светлина.
Поврзани термини: мачје око
Англиски: Safety reflector или Bicycle reflector или Prism reflector

Клучалка - Додатна опрема за велосипед со која можеш да си го заклучиш велосипедот.

Кочница - Направа за запирање на велосипедот, најчесто поставена на тркалото или некако поврзана со тркалото.
Поврзани термини: Сопирачка
Англиски: Brake

Кошница - Додатна опрема за велосипед во која можеш да ставаш работи.