Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Мрежата за свет без возила, во соработка со SHIFT, ја претставува серијата на конференции „Кон градови без автомобили“ во Портленд, Орегон од 16 до 20 јуни 2008 година. На своето Северно-Американско деби, конференцијата ќе собере активисти и професионалци од ширум светот да дискутираат за создавањето на одржливи превозни системи и трансформацијата на градовите во граѓански средини богати со јавен простор и општествен живот.

 

"Оваа конференција е шанса да се постави Северна Америка на фронтот на меѓународното движење за без автомобили и да ги поттикне обичните луѓе да ги променат своите животи, влади и урбани пејзажи кон подобро,“ рече координаторот на конференцијата Ели Блу.

Основната улога на конференцијата е да им помогне на учесниците да го разменат знаењето и помогнат во нивната практична работа, без разлика дали таа работа е организирање на настани, промоција на урбано велосипедство или градење на градови на иднината без автомобили. Конференцијата во 2008 година ја носи темата „Повторно обмислување на подвижноста, повторно откривање на посредноста.“ Програмата вклучува работилници, предавања, одење, улични возила и велосипедски тури, филмски фестивал и јавен настан вклучувајќи уметничка изложба во Градската сала на Портленд.

"Портленд станува меѓународен водач во прашања во однос на одржлив превоз и урбано живеење," рече Сем Адамс, Комесар на Град Портланд. "Оваа конференција ќе ни помогне да воведеме локални и меѓународни перспективи на предизвикот со кој сите се соочуваме: зависноста од приватните автомобили."

Конференцијата ќе покаже скорешни напори направени во Портлендскиот урбан пејзаж и пристапот на градот кон одржливото живеење. Претходните места на одржување на конференциите вклучуваа: Лион, Франција; Тимисоара, РОманија; Прага, Чешка; Берлин, Германија; Будимпешта, Унгарија; Богота, Колумбија; и Истанбул Турција.
За повеќе информации посетете ја страницата www.carfreeportland.org.