Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
„Паневропска велосипедска патека“ ќе ги спојува Париз и Прага, а официјално ќе биде пуштена на 12 април, соопштија од градската управа на Нирнберг, каде што ќе се одржи и свеченоста по повод отворањето на патеката, пренесува Макфакс. Патеката е долга 1.537 километри и почнува кај парискиот Источен автопат, поминува низ Стразбур, германските градови Хајделберг и Нирнберг, потоа преку чешкиот Плзењ и продолжува до Прага. Патеката ќе ги носи ознаките на Паневропската унија, а во неа ќе бидат интегрирани веќе постојните велосипедски патеки. Со цел патеката да биде целосна, во граничното подрачје меѓу Германија и Чешка се изградени и нови делници.

превземено од Дневник