Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Just Because

Оваа среда, 9 мај 2018 година, со почеток од 7 часот попладне, во бар „Че“ ќе има изложба на најуметничките и најслатките ѕвончиња што сте ги виделе по точаците низ Скопје. Ѕвончињата се производ на Нина Симовска од студиото „Џаст бикоз“, рачно насликани и измислени за секој да може да си ја вози својата приказна.

Студиото Џаст Бикоз слави 10 години постоење и како за прва изложба од серија славенички изложби ќе биде токму оваа изложба на ѕвончиња. Локацијата на изложбата е во бар „Че“, каде пред масите велосипеди почесто се паркираат отколку коли, затоа дојдете со велосипед, може ќе си отидете со ѕвонче.

Среда, 9 мај, 19 часот.

И уште неколку фотки за сетилно соблазнување.

Hokusai Wave

Hokusai Wave

"Ride On"

Just Because