Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

За прошетката

1. Што е велосипедска прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. Тоа е лесна, Спора велосипедска прошетка која ќе помине покрај неколку локалитети на културно наследство низ Струмичкото Поле.

2. Зошто велосипедска прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. За да се промовира богатството на Струмичкото Поле со културни и природни локалитети пред домашната и странската јавност и да се образува за културното и природното наследство.

3. Кој е организатор на велосипедската прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. Организатор на настанот е Одржливи иницијативи од Скопје, заедно со Велосипедскиот клуб Актив од Струмица.

4. Кој е поддржувач на Велосипедската прошетка?

a. Главен партнер и поддржувач на настанот е Општина Струмица, потоа други поддржувачи се Општина Василево, Агротехна – Скопје, Агрофруктус - Струмица, Грозд - Струмица, Интермакс - Струмица, Ресана - Струмица, Комплекс „Цареви Кули“ - Струмица, Стефано 97 - Скопје, Велосипедски сервис Сити Бајк – Струмица.

 

Време

5. Кога е велосипедската прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. Настанот е во Недела, 13 септември 2015 година.

6. Кога официјално започнува прошетката?

a. Прошетката ќе започне во 10 часот наутро и тоа најпрво високата рута а неколку минути подоцна рамната рута.

7. Кога прошетката ќе заврши?

a. Прошетката треба да заврши околу 4 часот попладне. Индивидуалци може да завршат порано или подоцна во период од еден час.

 

Место

8. Каде се одржува велосипедскта прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. Културното наследство низ Струмичкото Поле се одржува по Струмичкото Поле, кое е дел од Струмичко-Радовишката котлина во Република Македонија.

9. Каде е почетокот на прошетката?

a. Почетокот на прошетката е на плоштадот Гоце Делчев во Струмица. Регистрацијата на учесниците ќе биде извршена таму. На следниов линк можете да видите каде е тоа: https://www.google.com/maps/place/Square+Goce+Delcev,+Marshal+Tito+Blvd,+Strumica,+Macedonia+(FYROM)/@41.4385984,22.6382919,17z/data=!4m2!3m1!1s0x14a9fe116380f5cd:0x29cbab00c06cbc9c  

10. Каде може да си ја паркирам колата?

a. Колата можете да ја паркирате на неколку локации не далеку од местото на почетокот. Можете и да ја паркирате во центарот на Струмица и после да дојдете со велосипед до местото на чекање. Предложените локации за паркинг ќе бидат приложени во пакетот за пријавување.

11. Како да дојдам до Струмица?

a. Струмица е лоцирана југо-источно во Македонија. Постојат повеќе начини да се дојде до Струмица: од Север преку Радовиш; од Запад преку Валандово; и од Североисток преку Берово. Или едноставно внесете ја вашата локација тука: https://www.google.com/maps/dir//Strumica,+Macedonia+(FYROM)/@41.4390486,22.644732,14z/data=!4m13!1m4!3m3!1s0x14a9fdc01c936a37:0x40106f453c644e0!2sStrumica,+Macedonia+(FYROM)!3b1!4m7!1m0!1m5!1m1!1s0x14a9fdc01c936a37:0x40106f453c644e0!2m2!1d22.6427428!2d41.4378004

 

Програма

12. Во што се состои програмата?

a. Програмата се состои од неколку посети на локалитети на културното наследство каде стручни лица ќе го објаснат значењето на овие објекти. Како и локалитети кои се интересни за посета. Ќе има освежувања и дегустации за да се подобри искуството и да се претвори велосипедското возење во уживање.

13. Што ќе посетиме?

a. Ќе ги посетиме следниве културни и природни локалитети: Манастирот пресвета Богородица Елеуса, Вељуса; манастирот св Леонтиј, Водоча; гробот на Струма, местото Манастирите над Ангелци; акуулацијата Водоча. Знајте дека само високата рута ќе стигне до акумулацијата, но затоа само рамната ќе го посети гробот.

14. Дали морам да ги слушам раскажувањата на кустосите?

a. Не. Тие се таму за да ви овозможат поголемо искуство и за ваша корист. Сепак, на вас е да одлучите.

15. Посетуваме многу цркви, дали е ова религиозна прошетка?

a. Македонското сликарство и воопшто уметноста од минатото била ограничена на религиозните храмови како: фрески, икони, резби во дрво итн. Така со влегување во религиозен храм од 14ти век е како да влегувате во уметничка галерија која е стара 700 години. Но ако вие сте религиозен, тогаш ова може да биdе и религиозна прошетка за вас.

 

Рутата

16. Кои се техничките спецификации на рутите?

a. Рамната рута е планирана за скоро било кој велосипед, да и градски велосипед: должина – 21 км, вкупно искачување 225 вертикални метри, подлогата е асфалт. http://mk.mapometer.com/cycling/route_4050934.html 

b. Високата рута е планирана за трекинг или планински велосипед кој може да помине по земјени патишта: должина – 35 км, вкупно искачувење – 625 вертикални метри, 1/5 земјени патишта и 4/5 асфалт. http://mk.mapometer.com/cycling/route_3913367.html 

17. По какви патишта ќе возиме?

a. Најголем дел од рутите се по асфалт. Сепак, за тие ентузијасти кои сакаат да почувствуваат малку авантура, постои можност за 5 км спуст по земјен пат кој се наоѓа на високата рута.

18. Јас ја возам рамната рута и неможам да возам на угорнини. Како ќе стигнам до Манастирот над село Вељуса?

a. До Манастирот над Вељуса води асфалтиран пат во должина од 1 км. Предвидено е место каде вие ќе ги оставите велосипедите и ќе продолжите пеш до Манастирот.

19. Има ли тоалети долж рутата?

a. Да, постојат тоалети кај манастирите кои ќе ги посетиме.

20. Има ли места со вода за пиење?

a. Да, предвидено е на секое место каде ќе се застане да има или чешма или да има обезбедено освежување.

21. Дали има нешто за грицкање долж рутата?

a. Да. На почетокот ќе се пооделат еклери обезбедени од Слаткарница Ресана, додека по патот овошје обезбедено од Агрофруктус ќе послужи за окрепнување на врвот од високата рута, и во с. Вељуса. Покрај овие организирани окрепнѕвања, долж рутите има и локални продавнички во секое село кои може да понудат дополнително поткаснување.

22. Дали е вклучен ручек?

a. Да. Ќе има главно јадење обезбедено на крајот од прошетката во Струмица.

23. Јас сум вегетаријанец дали има опција за нешто без месо и без риба?

a. Да. Ќе биде потребно да не известите по е-пошта дека сте вегетаријанец за соодветно да испланираме.

 

Опрема

24. Каков вид на велосипед ми треба?

a. Ако сакате да одите на рамната рута, било кој велосипед ќе биде добар, се додека е во добра состојба и функционира како што треба. Ако сакате да одите на високата рута, тогаш знајте дека има 5 км земјен пат кој треба да се помине, така да планински велосипед или трекинг велосипед ќе биде добар.

25. Може да дојдам со друмски велосипед?

a. Да. Ако сакате да возите друмски велосипед, можете да ја возите рамната рута бидејќи таа е само асфалт.

26. Што треба да понесам?

a. Ве советуваме да донесете: вашиот велосипед; заштитна кацига; лични работи; алатки и резервна гума; шише за вода; ранец; удобни чевли; панталони за возење велосипед; маица; нараквици; млеко за сончање; наочари за сонце; јакна за дожд; пари ако сакате нешто повеќе од продавниците долж патот; фото камера; видео камера; преслека; итн.

27. Јас сум со Макс велосипед, дали може да учествувам?

a. Макс велосипедите се добредојдени. Со нашиот поддржувач Агротехна изготвивме можност вие да учествувате без котизација.

 

Транспорт

28. Има ли организиран транспорт до Струмица?

a. Да. Има автобус за луѓето и за велосипедите кои доаѓаат од Скопје. Котизацијата за учество со превозот е 1110 денари, или 560 денари само за превозот по човек.

29. Дали е сигурен мојот велосипед при транспортот?

a. Помеѓу велосипедите ќе бидат поставени картони кои ќе го чуваат од гребење.

30. Дали може велосипед со корпа да се понесе во организираниот транспорт?

a. Да.

31. Кое време автобусот ќе замине од Скопје?

a. Автобусот ќе замине во 7 часот наутро. Но вие треба да дојдете порано, односно во 6:30.

32. Кое време ќе биде автобусот назад во Скопје?

a. Автобусот треба да биде назад во Скопје околу 8 часот попладне, во зависност од брзината на учесниците.

33. Јас не сум од Скопје. Дали има организиран автобус од моето место?

a. Ве молиме контактирајте го организаторот за ова прашање. Ако постои можност или доволно голема група, организаторите сигурно ќе помогнат.

34. Дали се плаќа превозот за децата до 14 години?

a. Да. Иако котизацијата е бесплатна за деца до 14 години, организираниот превоз останува да биде ист за нив.

 

Друго

35. Јас не сакам да возам велосипед, дали може да дојдам?

a. Ова е велосипедска прошетка. Но ако имате идеја како да се движите наместо со велосипед, слободно контактирајте ги организаторите за да се консултирате.

36. Дали има можност да се изнајми велосипед?

a. Да, има. Можете да изнајмите велосипед од www.bicycle.mk со испраќање на порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да прашате; или од Велодром Травел со испраќање порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да прашате.

37. Јас сум малолетен, може ли да дојдам?

a. Само ако ги донесете вашите родители или старатели со вас, или ако добиете нивна пишана согласност за да дојдете сами.

 

Пријавување

38. Како може да се пријавам за да учествувам?

a. Може да се пријавите со испраќање на пријавата за учество до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и плаќање на котизацијата. Пријавата може да ја земете од www.mk.to4ak.com

39. Дали има котизација за учеството на велосипедската прошетка низ Струмичкото Поле?

a. Има котизација од 550 денари.

40. Што добивам за парите?

a. За 550 денари добивате: организација (вреди 400 денари по учесник), редари кои ќе ви помагаат долж рутата (100 ден), храна и пијалоци (300 ден), поклон (200 ден), мапа (50 ден), кустоси кои ќе го објаснат културното значење (80 ден), техничка поддршка (50 ден), возило за поддршка кое е таму во случај да ви се расипе велосипедот (100 ден), прва помош во случај да се повредите (50 ден), и уште повеќе.

41. Како може да ја платам котизацијата за учество во велосипедската прошетка Културното наследство низ Струмичкото Поле?

a. Можете да ја платите на жиро сметка. Ако ова не е добро за вас, ве молиме да ги контактирате организаторите.

 

Сабота

42. Може ли да дојдам во сабота?

a. Да.

43. Ако дојдам ден порано, што можам да правам во Струмица?

a. Има неколку работи кои можете да ги правите во Струмица и околината. Прво, можете да возите велосипед до некое место каде прошетката не ве носи. Можете да пропешачите до Царевите Кули; да се прошетате до Банско; или до водопадите. Во секој случај можете да ги контактирате организаторите за совет.

 

Сместување

44. Има ли хотели во Струмица?

a. Има неколку хотели во Струмица. Ве молиме да проверете директно за резервации: www.hotelcentral.mk, www.hoteltiveriopol.mk, www.hotel-sirius.com.mk, www.hotelilinden.com.mk, www.gligorov.com.mk, www.villaparkhotel.mk

45. Има ли евтино сместување во Струмица?

a. Има во црква Св. 15 Тивериополски Маченици, контакт +389 34 324493.

 

Контакт

46. Како може да ги контактирам организаторите?

a. Преку е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или може да се јавите на Бојан Ранташа на +389 70 876353 или на Иван Андонов на +389 71 289191.