Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Прилепско Поле

 Прилепското Поле, рамно, а опкружено со остри карпи. Тло за инсипација на некои од најголемите Македонски умови и уметници. Те повикува да појдеш на велосипед и да ја почувствуваш силата на Полето. И тоа токму на денот кога пред 74 години еден истрел означи почеток на ново време, на слобода за Македонија.

 Сосем поиканва рута, сосем поинакво доживување. 

 Учество:
Котизација за учество е 450 денари, без превоз.
Учеството на деца до 14 години е бесплатно и може да учествуваат само во придружба од родител/старател.
Пријавувањето трае до 4 октомври 2015 година.
Кој рано рани, некој денари штеди: за тие што ќе се пријават до 22 септември учеството е 350 денари.
Организиран превоз од Скопје за лица со автобус и за велосипеди со камион е договорен и чини 600 денари по лице.
За лицата кои ќе учествуваат со велосипед Макс, во соработка од Агротехна е овозможена промоција од само 100 денари по учесник.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

Ден, Сабота, 10 октомври 2015 година
Почеток, Кривогаштани, 11ч
Крај, Кривогаштани, 17ч

 Зелена рута:
 Патеката е соодветна за лица кои немаат големо искуство во возење велосипед, велосипедот го користат само за низ град, или пак за деца.
Должината е 32 км асфлат, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 184 м, при што најголемото искачување е само 50 м висинска разлика. 
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4153328.html  

Прилепско Поле

 Жолта рута:
 Патеката е соодветна за лица со искуство во возење велосипед и сакаат малку подолги релации за да исусат повеќе од Прилепското Поле.
Должината е 50 км асфалт, по локални, селски патишта. Вкупно искачување 278 м, при што најголемото искачување е 50 м висинска разлика.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4153327.html 

Прилепско Поле

 Што ти треба за да учествуваш:
- Желба
- Пополнета и испратена пријава
- Уплатена котизација
- Исправен велосипед, опремен во согласно македонсите закони
- Удобна облека за возење велосипед (понеси си и преслека, нешто за сонце и нешто за дожд)

 Настанот нуди:
- Осмислена, нај можно безбедна патека
- Обележана патека
- Лица - редари задолжени да ви го покажуваат патот
- Сервисери задолжени да ви помагаат ако имате проблем со велосипедот
- Обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката
- Кустоси кои ќе ви ги објаснат местата од културно значење
- Лица обучени за прва помош присутни со вас на велосипеди
- Амбулантно возило кое ја следи групата
- Сервисно возило кое ја следи групата
- Ручек

 Настанот е во организација на Одржливи иницијативи од Скопје и ВК Илинден од Прилеп, во партнерство со Општина Кривогаштани, а е поддржан од Општина Крушево, Фурна Алекс – Прилеп, Агротехна - Скопје, Прилепска Пивара и Стефано 97 - Скопје.
 Медиумска поддршка: Нова Македонија, МКД.мк, то4ак, плагиј.ат

Фејсбук
Гугл плус

 Контакт:
Ранте 070 876353
Драган 075 526426
или
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.