Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 

 По прекрасното искуство на велосипедската прошетка по Културното наследство низ Прилепското Поле, оваа година за вас, специјално организираме велосипедска прошетка по Културното наследство низ Струмичкото Поле на 13 септември 2015 година.

 Предвидени се две рути низ Струмичкото Поле. Една рамна, а друга висока.

 Рамна рута
Рамната рута посетува 7 села, долга е 21 км, целата е по асфалт и има вкупно вертикално искачување од 225 м. Наменета е за лица кои сакаат лесно да поминат, без особено тешки делови, за почетници, за градски корисници на велосипедот, за фамилии, за деца, за сите кои не се брзаат никаде и сакаат да уживаат во полето и да научат нешто повеќе за него. Може да дојдете и со обичен градски велосипед.
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4050934.html

 Висока рута
Високата рута посетува 7 села и едно езеро, долга е 35 км од кои 10 км се спуст и тоа 5 км по земја, има и 6 км стрмна угорнина по асфалт, и е со вкупно вертикално искачување од 627 м. Наменета е за искусни велосипедисти, оние кои сакаат предизвик, угорница и добар спуст по широк земјен пат. Секако, угорницата си ги носи своите благодети – поглед врз Струмичкото Поле од високо. Заради спустот по земјен пат, препорачуваме велосипед со амортизери и носење на заштитен шлем. 
http://mk.mapometer.com/cycling/route_4130161.html

Брана Водоча

Што ти треба за да учествуваш
-Желба
-Пријава
-Исправен велосипед, опремен во согласно македонсите закони
-Удобна облека за возење велосипед (понеси си и преслека, нешто за сонце и нешто за дожд)

 Настанот нуди
-Осмислена, нај можно безбедна патека
-Обележана патека
-Лица – редари задолжени да ви го покажуваат патот
-Сервисери задолжени да ви помагаат ако имате проблем со велосипедот
-Обезбедени освежувања и окрепнувања долж патеката
-Кустоси кои ќе ви ги објаснат местата од културно значење
-Лица обучени за прва помош присутни со вас на велосипеди
-Амбулантно возило кое ја следи групата
-Сервисно возило кое ја следи групата
-Ручек
-Изненадување за учесниците

 Учество
За да учествувате треба да имате пополнета и доставена ПРИЈАВА (ПРЕВЗЕМИ ЈА ПРИЈАВАТА) и уплатена котизација за учество.
Котизација за учество е 550 денари (450 денари за тие што планираат со време), без превоз.
Учеството на деца до 14 години е бесплатно и може да учествуваат само во придружба од родител/старател. 
Организиран превоз од Скопје до Струмица за учесник со велосипед е 560 денари (автобус за луѓето и камион за велосипедите), доплата на котизацијата. Односно 1110 денари котизација со превоз од Скопје (1010 денари за тој што рано рани).
Малолетни лица пополнуваат посебни ПРИЈАВИ со потпис од родител (ПРЕВЗЕМИ ЈА ПРИЈАВАТА).

Пријавувањето ќе трае од 1 август до 5 септември 2015 година.
Кој рано рани, некој денари штеди: за тие што ќе се пријават до 22 август учеството е 450 денари.
*Ако сакаш да ја возиш рутата било кој друг ден и не сакаш да ги уживаш поволностите кои овој настан ги прави за учесниците – слободно направи го тоа.

 Важни датуми
1 август – почеток на пријавување
13 септември – настанот
5 септември – затварање на пријавувањето
22 август – поскапа котизација при пријавувањето

 Настанот е во организација на Одржливи иницијативи од Скопје и ВК Актив од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, а е поддржан од Општина Василево, Агрофруктус - Струмица, Грозд - Струмица, Интермакс - Струмица, Ресана - Струмица, Комплекс „Цареви Кули“ - Струмица, Стефано 97 - Скопје, Велосипедски сервис Сити Бајк – Струмица, Агротехна - Скопје.

Медиумска поддршка: МПМ, Нова Македонија, МКД.мк, то4ак, плагиј.ат

 Следете не на: Facebook или +Google.

 Контакт:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или
Иван 071 289191
Ранте 070 876353