Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

 Настанот, односно турата ќе биде на 14 септември. Наменет пред се за велосипедисти кои сакаат да возат велосипед рекреативно и да уживаат додека возат. Турата „Културното наследство низ Прилепското Поле“ е лесна тура. Нема натпреварувачки карактер. Всушност таа има разгледуваки, промотивен и образувачки карактер каде ќе се види и научи нешто за Прилепското Поле и културното наследство низ него.

 Настанот ќе започне од 9 часот наутро, а ќе заврши до 19 часот, каде побрзите велосипедисти се очекува да завршат веќе до 17 часот.

Тежината
 На турата ќе има можност за учество на две групи, односно една група по искусни и друга група почетници велосипедисти. Поискусните ќе имаат 88 км пат да поминат, кој во главно ќе биде асфалт, но и добар дел земјен пат соодветен за планински точак или за т.н. хибрид. За почетниците ќе има 38 км пат исклучиво асфалт, соодветен и за градски точак. Во двата случаи се вози по рамничарски предел со благи угорнини, освен за пристап до манастирите каде е стрмно и не е препорачливо за почетниците.

Што сé е планирано да има на турата:
 Посета на Варош и црквата св Никола;
 Посета на Небрегово и спомен куќата на Блаже Конески, предводена од кустос;
 Посета на Долнени и музејот за Пеце Атанасовски;
 Посета на Слепче и селото формирано од ослепените Самоилови војници, образложена од водич, со опција да се посети и Манастирот св Никола;
 Посета на Костинци и црквата св Богородица со кустос;
 Посета на Зрзе и црквата Св Никола и Манастирот св Преображение (само во долгата тура);
 Посета на најстариот даб во Кривогаштани;
 Дегутација на прилепски леб од Алекс Фурна;
 Дегустација на прилепско сирење;
 Дегустација на вино од винарија Брзанов;
 Освежувања од Јана Вода.
 Јадење спремено со Дона Вера паста, Коста д оро маслиново масло и Адриана туна;
 Техничка поддршка во случај да треба да се поправи вашиот велосипед;
 Возило кое ќе ве собере во случај да се заморите или велосипедот да не ви вози;
 Пазачи кои ќе ви помагаат да не го промашите патот;
 Маички за да може да се препознаете;
 И да не откриваме се.

Што сé ќе ви треба за на турата:
 Желба за учество.
 Знаење да возиш точак.
 Исправен точак, опремен во согласност со Македонските закони и со држач за шишенце за вода.

Превоз
 За учесниците кои ќе сакаат да дојдат со организиран превоз од Скопје, предвидено е да тргнат рано во 6 часот наутро, а да дојдат порано како би имало време да се натоварат точаците. А враќањето ќе биде после настанот, односно во Скопје ќе се биде кај 21ч вечерта.

Учество
 Котизација за учество со сопствен превоз е 700 денари.
 Котизација за учество со превоз од Скопје е 1100 денари.
 За пријавување: Испратете е-пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со пополнета пријава (превземи) и уплати ги средствата на име на  „Здружение на граѓани Одржливи иницијативи – Скопје“ на жиро сметка 380150354800155, депонент Про Кредит банка, со назнака: „За Прилепско Поле“.
 Пријавувањето е до 7 септември, а бројот на учесниците е ограничен.
 Кој рано рани, некој денари штеди: за тие што ќе се пријават до 20 август учеството е 650 денари, односно 1000 денари со превоз од Скопје.

Небрегово

Овој настан е поддржан од:

Министерство за култура Macedonia Timeless

Кривогаштани Долнени Прилеп

xmkd Стефано 97

Фурна АлексБрзанов винарија

Donna Vera pasta Costa d'Oro Adriana Tuna

Јана Вода Мивела

Музеј Прилеп

Нова Македонија

Ако сакате и вие да го пооддржите, обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Посетувај го то4ак.сом за дополнителни информации.