Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

 Ви текнува на лани? Епа еве го пак. Две цели години скопските велосипедисти ги јаваат своите велосипеди на Критична Маса. Утре, 28 мај 2014 година, Критична Маса, ќе биде најзабавното собирање на велосипедистите за оваа година. Затоа не смее никој да пропушти да си ги провери гумите од точакот да не се дупнати или пак да помисли да оди со кола на работа, затоа што после работа, од пет и половина часот попадне, сите на точаци ќе се соберат за да извозат една роденденска честита за второлетството на Критична Маса.

 А рецептот за добра забава е познат. Секако, покрај толку прекрасни фаци потребно е да се има и добра музика. Добрата музика ќе се состои од една банда локални бенда:

  Ди џеј Torta по едно парче аудио трака ќе подели на секој учесник.
Палиндром место кифлички и ќе ви објасни дека не е дека тортата е прва, тоа е исто ко да е на крај.
Шутка Рома Рап како руска,
и ди џеј Чваре за фајронт.

Критична Маса

 Дежурно место за собирање на гостите е Плоштад Македонија, или центарот на Скопје, а крајот е кај Паркот Аеродром, или таму кај што е тоа авиончето покрај Вардар, таму кај Ново Лисиче. У ствари нема таму да заврши. Нели, роденден е, треба да има изненадување некакво. Ма што се секираш, само следи ги велосипедите, тие ќе те одведат таму.