Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Од нашите пријатели Martin и Kristian од e r t z u i ° film добив е-пошта дека нивниот филм FOOTPRINTS е поставен на интернет на интернет страницата на Rapha. Се сеќавате на нив од ВелоФест 2010 и нивниот филм Fixed City.

 

Rapha го прикажува овој филм како вовед на нивната Континентална програма за 2013 – Скриена Европа. Всушност, следната недела e r t z u i ° film ќе возат во Холандија заедно со Rapha за да го снимат првиот Континентален филм од 2013 Скриена Европа. А Rapha организира и убави велосипедски возења. Ако сакаш, можеш да им се придружиш. Само провери ја интернет страницата на Rapha.

Назад на филмот.

FOOTPRINTS е срце трогателен и инспирирачка приказна за двајца градители на велосипедски рамки: Ulrich Vogel и Tiziano Zullo. Секогаш претставува задоволство да се изгледа филм на Martin и Kristian (e r t z u i ° film), така да, не си го троши времето, а ни јас твоето, притисни тука и гледај го.

А тука можеш да ги видиш фотографиите кои се направени за време на снимањето на филмот.

Ах да, двајцата Ulrich Vogel и Tiziano Zullo се партнери на Rapha и ќе работат заедно оваа година. Само оди и види, има повеќе.