Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Во Среда, 15.12.2010 година, со почеток во 11 часот, во НВО Центар на Градот Скопје, при Младински Културен Центар - Скопје, ќе се одржи завршниот настан на проектот „На работа со велосипед е во ред!“.

Целта е да се промовира иницијативата „На работа со велосипед!“ и кај нас, здружението на граѓани „Коалиција за одржлив развој – КОР“, од Скопје, во соработка со „4х4х4 Балкански мостови“ од Скопје, а со поддршка од Градот Скопје и весникот „Нова Македонија“, како медиумски покровител, спроведе истражување за практиките на граѓаните, кога станува збор за транспорт до и од работата. Во истражувањето се опфатени и условите кои би ги поттикнале оние кои се апсолутно зависни од автомобилите, да почнат почесто да користат немоторизиран транспорт за одење до и од работа.

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето во кое биле опфатени 730 граѓани, вработени во приватни компании, јавни претпријатија, образовни институции, јавна администрација, невладини организации итн.
Благодарение на весникот „Нова Македонија“, во кој во периодот од 25.10.2010 до 21.11.2010 секојдневно е објавуван прашалникот, во истражувањто се вклучени не само ставовите на жителите на Скопје, туку и пошироко, на граѓаните од целата држава.

Во рамките на завршниот настан, ќе бидат доделуени велосипеди на учесниците на анкетата по пат на јавно извлекуванје. Велосипедите се спонзорството од страна на фирмата „Агро ТехнА“ од Скопје и весникот „Нова Македонија“.