Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

На 27 март 2010 година, со почеток во 21:00 часот, во шпанскиот бар Ла Кања (50-та Дивизија 33, Скопје), ВелоФест 2010 Скопје и Ди Џеј Шурбе подготвуваат пред фестивалска забава за сите градски велосипедисти.

Велосипедска музика

Ди Џеј Шурбе специјално за таа пригода ќе пушта Велосипедска музика, онаа што е добра за слушање додека возиш велосипед во овие пролетни денови, а ВелоФест ќе се погрижи за визуелната занимација на посетителите.

На оваа не-формална, не-програмска и не-спонзорирана забава ВелоФест 2010 Скопје ќе претстави дел од програмските содржини на фестивалот, кои покрај Скопје ќе прошетаат уште неколку градови и населени места низ Македонија:
• Трејлерот за меѓународната премиера на „Фиксен Град“.
• Трејлер за „АТН-комуницирање во лудило“
• И уште неколку извадоци од филмови и фотографски изложби кои ќе се појават на фестивалот.
Секој кој сака да дознае повеќе за фестивалот, покрај интернет страницата www.velofest.mk, таму ќе може со пијалок и в лице да разговара со организаторите и поддржувачите. Музиката и дружбата се бесплатни, пијачките не се.

Тркалај се заедно со ВелоФест.