Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Ова е текст напишан и испровоциран од македонското новинарство. Пред 2 месеци, бев замолен од новинар од дневник да одговорам на неколку прашања со цел да промовираме велосипедизмот и спортот воопшто. Бев воодушевен со тоа што сите подиректно ќе можеме да се запознаеме и промовираме поинаквиот начин на живот. Им бев за тоа благодарам, а и сега сум им. Но во што е проблемот, понакогаш нашите новинари во потрага по сензација, по потрага по продажба на поголм тираж, по потрага на некои новинарски достигнување погрешно ги читаат одговорите, и ги толкуваат онака како што не се кажани. Па ова ми е можност да ги доставам моите одговори и скенирани страни од додатокот на Дневник - Викенд, број 581, 18.07.2009 г. 

 

 

 

 

 

Еве ги моите одговори:

- Ве претставија како велосипедист кој страсно ги освојува планинските врвови во Макеонија. Која е највисоката надморската височина што сте ја освоиле?

Во карактерот на чоекот е да освојува, истражува... Со велосипед се имаат искачено на Килиманџаро, највисокиот врв на Африка, и спуштено од него. Но освојувањето секогаш не се опишува како освојување само на височините со планински велосипед. Исто така не е битно дали ќе извозите од почетокот до крајот на возењето висока надморска разлика, или ќе извозете многу километри. Впрочем, се имам искачено на повеќе врвови над 2000 мнв во Македонија. Но вистинските придобивки при нашите рекреативни возење се пријателството, прекрасните македонски пејзажи, недопрената природа, неоткриената страна на возбудата која секој во нас ја носи. Секое ново возење велосипед, чинам, е ново откривање на самиот себе, на твоите пријатели, на околината која се променила од твоето последно возење по таја патека.

- Освен во Македонија дали сте возеле по планини и надвор од Макеоднија?

 

За жал, засега сум немал прилика да возам надвор од Македонија. Но со моето велосипедско друштво Energi, воспоставуваме контакти со нашите соседни земји, со кои би можеле заеднички да возиме рекреативни тури. Последна покана беше во Р. Србија, на Фрушкогорскиот маратон. Се надевам ќе има и други соработки.

- Од тие високи предели сигурно има по некоја интерсна случка што можете да ја споделите со нас?

За да има интересни случки мора да имате и интересни пријатели, или интересни предели каде возите велоспиед. Секое ново возење е интересна случка. Секогаш возиме според правилото за движење во планина, кое гласи: во група се движиш според најбавниот. Но ние имаме додатно правило: движисе уште малку побавно за да можат сите да го доживеат прекасното место каде се вози, и да измислиме прескани шеги, досетки за да го направиме нашиот ден уште попријатен. Но во сите тие дружења би ги издвоил прекрасните возења во Маврово ( Пл. дом Тајмиште – врв Сандаткташ), или дружењата со моите пријатели од Кочани и возењата по Плачковица. Но би ја споманл и оваа анегдота. При последното возење во Мариово, на самиот излез од селото Витолиште отпочна каменест пат. Така и остана до последниот метар, и изминати 50 км. При самото возење рековме дека повеќе никогаш нема да го возиме овај ист пат. Но за една преспана ноќ, нашето мислење се промени. Наредниот ден, ние бевме спремни, истиот момент одново да ја возиме таа прекрасна шумовита патека (најгустата шума што сум ја видел некаде низ Македонија) преку Козјак планина до селото Мајдан и рудникот Алшар.

- Кога се искачувате на високи места, дали вообичаено преспивате таму и како се организирате со товарот?

Носењето товар е интересниот момент. Освен личната опрема за безбедност кој секој велосипедист мора да ја понеси со себе на планина (заштитен шлем, наракици, наочари за сонце, прибор за велосипедот, дожден мантил), секој носи според своите потреби и додатна опрема. Најчесто организираме еднодневни дружења на велосипед, но постојат и такви кои се организираат со преспивања. Некои се со преспивања во планинарски домови, како последната организирана од Кочанчани во Шталковица. Но некои се и со спиење со шатори, како што е на Караџица. Гледаме да сме рационални со носењето на опрема, но за некои од нас тоа се претвора и на носење цела покуќнина со нас J.

 

- Што е она што најмногу ве воодушевува кога ќе се искачите високо на некоја планина со велосипед? Какво е чувството да освоиш некој врв на две тркала?

Познатиот италијански алпинист Меснер кажал дека никогаш не можеш да ја освоиш планината. Таа била таму пред ние да постоиме, а ќе биде и после нас. Значи ние сме само минувачи по нејзините рабови. Тоа што не дели нас кои сме стигнале до самиот врв на планината и останатите е желбата за нешто поинакво доживување, поинакво дружење, поинаков поглед, поинаков стил на живот. Ќе споредам со тоа што и ние како и голем дел од луѓето пиеме кафе, но тие пиат кафе по кафетерии, а ние во природа во која се фасцинираме од нејзината убавина, и и заблагодаруаме за тоа што ги отвора ширум вратите за нашите патешествија. Кога си на велосипедот го чуствуваш ветерот како лази по твоето лице и твојата коса, го чуствуваш мирисот на расцетаните дрја и цвеќиња, мирисот на тревата, и некако ова едноставно задоволство се случува насекаде околу тебе. Со завртуваето на педелати добиваме забрзување кое е целосно наше. Ја осознаваш стимулативната синтеза која доаѓа од мислите, телото и машината кои делуваат како една целина. Со еден збор човекот и велосипедот се една одлична синтеза на телото и машината, тие се уметност, умешност и технолига, очевидно уживање и животна сила.

- Дали пред да се искачувате на голми висини потребно е да се направат некои посебни тестови за издржливост?

За да се стигни било каде во животот пред се е потребна воља. Така е и за планинскиот велосипедизам, особено за рекреативниот. Не се потребни никакви тествои (според новиот закон, секое спортско друштво кое е од натпреварувачки карактер мора да извршат тествои на спортска медицина). Ние се водиме од девизата, секој ќе стигне до замислената цел со помош на пријателите и неговата воља. Дури имаме и мотивирачки карактери, кога некој не е спремен да изджи одредена потешка велоспиедска тура, ние го бодриме неколку месеци пред да биди, да вози малку повеќе од тоа што возел предходно за сите заедно да ја завршиме. Со тоа заеднички ги надминуваме нашите граници предрасуди за нашата издржливост а и го зајакнуваме нашето пријателство. Заедно сме посилни.

- Кој период од годината е најдобар за возење велосипед по планина?

Нема ограничувања. Ограничувањата се во нашите мозоци и мисли. Сите годишни сезони се за возење велосипед. Оваа година да ја земем за пример, на Водно се имам повеќе пати искачено со велосипед за време на зимскиот период, отколку пролетниот. Во Аљаска, во месец февруари ја има најстудената велосипедска трка на светот, на која се возат 338км. Возењето во снег е предизвик. Тоа е како да возиш во мека земја, но при тоа пропаѓаш подлабоко во снегот а сакаш да извозиш повеќе. Тоа е како да возиш од точка до точка, а при тоа извршуваш непрекидни исправки во движењето. Но за во зима, неможеш да возиш на сите патеки, но на одредени е изводливо. Ако не можеш да возиш на одредени делови, го туркаш сојот велосипед. Тоа е дел од планинскиот велосипедизам. А доживувањето во зима се од посебен карактер. Кога не гледаат сите кои се движат по снегот и ние со велосипед се запрепастуваат, затоа што не сакаат да замислат дека има и поинаков начин на искачување. Дали се вози по ова пролетно врнежливо време? Да се вози. Ми се има случено при рекративна тура во Кочани до манастирот Св. Симон, за 1 летен ден да имаме 3 годишни времиња. Сонце и дожд на одење до манастирот, а на враќање пороен дожд, лапајца, која на крај се претвори и во ситен снег која пак заврши со дожд. Во основа, секое возење по одредена патека во одредени годишни времиња си носи и одредена убавина која е прикладна за таа сезона.

- Што работиш надвор од велосипедските патеки?

Јас сум графички дизајнер по професија. Но и пола од мојот живот сум и алпиниста. Сум се искачувал 3 пати на Монт Блант, Гросглокнер Аустрија, во Швајцарските алпи, Киргистан на врвот Хантенгри од планината Тиен Шан. Како алпинист ги барав низ Македонија, вертикалните стени, како Солунска Глава, Остра карпа во Прилеп, Демир Капија, Матка, а со велоспедизмот сите пристапни предели по кои може да се вози. Велоспиедот ми овозможи да ја откријам понежната, поблагата и попристапната страна од планината. Мислам дека источниот дел од Македонија, со благите падини и прекрасните шуми сеуште е недоволно посетен и дека нуди одлични услови за "cross cantry" (возење по земјени патеки).

- Се случуваат ли незгоди како на пример некој да се повреди, и како се справувате со тоа?

Дали се случуваат незгоди кога преминувате на пешачки премин на зелено светло? Кога излегуваме да возиме во природа ние не ни помислуваме на тоа. Ако помислуваме на незгодите, тогаш зошто би возеле? За среќа досега никогаш се нема случено никаква незгода при нашите дружења во природа. Незгодите ги оставме дома пред да излезема, а со нас ја понесуваме ведрината, намсмевката, убавиот збор и почитта спрема природата и спрема секој поединец.