Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Danube by Bike 2009

по Дунав со точакЉубителите на велосипедизмот од цела Европа (земјите-членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција) се покануваат да учествуваат на велосипедска тура долж реката Дунав од 23 јуни до 27 јуни 2009 година. Организиран од Европската комисија, Генералниот директорат за проширување, а во соработка со Европската федерација на велосипедисти, овој настан на учесниците ќе им даде можност да возат велосипеди низ пет подунавски земји, доживувајќи ја убавината на една од најважните реки во Европа.

ДунавВелосипедисти од цела Европа (земјите-членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција) се покануваат да учествуваат на првата Европска велосипедистичка тура долж реката Дунав, која ќе се одржи од 23 јуни до 27 јуни 2009 година. Учеството во Турата и основното сместување за време на Турата е бесплатно, но, не се покриени патните трошоци. Турата ќе ја следи европската подунавска велосипедска патека, која учесниците ги води низ пет земји, вклучувајќи ги Унгарија, Хрватска, Србија, Романија и Бугарија.

Учесниците на Турата ќе може да избираат меѓу две различни патеки. Една група ќе тргне од Будимпешта, Унгарија, минувајќи низ познатиот Национален парк Дунав-Драва. Откако ќе ја минат границата со Хрватска, велосипедистите ќе имаат можност да се релаксираат и одморат на забавниот настан што ќе се одржи во Вуковар. Потоа, Турата ќе продолжи од Хрватска до Бачка Паланка и Нови Сад во Србија, пред да го започне последното патување до Белград, Србија.

Втората група ќе патува од Букурешт преку Бекет до Орјахово, минувајќи ја романско- бугарската граница. Во Бугарија, велосипедистите ќе возат до убавиот град Видин, каде што ќе учествуваат во прославата на посебен настан заедно со локалното население. Патеката ќе мине низ импресивната Железна порта која ги поврзува Романија и Србија, пред конечно да се упати кон Белград.

На 27 јуни двете групи ќе се сретнат за да го прослават крајот на Турата на јавен настан во срцето на главниот град на Србија, Белград, близу до познатата тврдина Калемегдан.

Danube by Bike 2009 route

Турата по Дунав со велосипед 2009 е можност да се соберат на едно место лица од Европа (земјите-членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција) и да се охрабри интегрирањето и дијалог меѓу луѓето, истовремено подигајќи ја свеста за богатото културно наследство на Југоисточна Европа. Реката Дунав често се нарекува „Кралица на европските реки“ и е моќен симбол за Европа со нејзината разнообразност на култури и народи. Турата ја зајакнува важноста на преземањето на заедничка акција за заштита на уникатниот еко-систем на Дунав. Турата по Дунав со велосипед е отворена за секој кој го сака велосипедизмот, се грижи за животната средина и сака да запознае нови пријатели од цела Европа.

Местата се ограничени и ќе се доделуваат по редослед на пријавување.

Пријавувањето започнува од денес и се затвора на 1 мај 2009 година.

За повеќе информации, Ве молиме посетете ја Интернет страницата www.danubebybike.eu/

Дополнително, отворена е дискусија на то4ак форумот за настанот.