Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

сервисСте имале некогаш проблем со вилушката?
Не знаете колку и како да го подесите пред-товарот на вилушката?
Или можеби едноставно не сте сигурен за некои работи, па би сакале да видите како и зошто тоа се прави?

SR SUNTOUR во 2006 година отвори специјализиран центар за подесување. Центарот за сега е единствен во Европа и се наоѓа во Германија. Во догледно време траба да бидат отворени и други такви центри во Европа. Да се надеваме дека и некој ќе биде блиску до нас.
Велат дека не е важно колку е стар делот на SR SUNTOUR или каков е велосипедот кој што го возите. Тие се таму за се што е од SR SUNTOUR.

 

SR SUNTOUR tuning base

Убавината е што спремнa е посебна интернет страница за центaрoт за подесување. На нивната интернет страница поставени се видео напатствија за сервисирање на SR SUNTOUR вилушките. Па ако некој сака да знае како тоа се прави, тука е местото http://www.srsuntour-tuning-base.com/. А има и видео материјали од натпревари, филмчиња и слично. И сето тоа може да се симне, гратис нормално.