Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Со велосипед во билборд - статија објавена во Вест

урбана велосипедска патекаВелосипедистите што ја користат патеката која градските власти ја исцртаа на потегот од Железничката станица до хотелот "Холидеј ин", не можат непречено да возат оти на патеката се испречуваат билборди, автобуски постојки, знаци, семафори и разни други препреки. Градоначалникот Трифун Костовски, кога пред два месеца почна да се бележи патеката, рече дека со неа граѓаните безбедно, без никакви пречки и без да бидат дел од сообраќајот, ќе можат да стасаат до саканата дестинација. Но тоа не е така.

Велосипедистите, движејќи се по патеката, кога ќе наидат на билборд, знак или на некоја друга препрека, мораат да се симнат на коловозот за да продолжат да возат.
"На секои пет метри има по некоја пречка на патеката. Па поарно ќе си возиме по улица, место постојано да се симнуваме и качуваме на патеката. Кога веќе решија да ја прават, требало прво да ги отстранат пречките од патот, па после да ја бележат црвената линија", велат скопјани кои ја користат велосипедската патеката.
Од Град Скопје велат дека набрзо ќе ги отстранат сите пречки на велосипедската патека. Веќе распишале тендер за избор на фирма која по должината на патеката ќе изведе рампи на тротоарите за лесно движење на велосипедите, а фирмата ќе ги отстранува и пречките од патеката. Од градот не сакаа да кажат зошто прво ја обележале патеката, а два месеца подоцна ќе ја расчистуваат за да може да се вози по неа.

Превземено од Вест. Автор А.А.
Прочитај ја оргиналната статија.